Европа
Чешкиот премиер: Издржете затворени до Велигден, и ќе одите на одмор

Чешкиот премиер Андреј Бабиш им вети на Чесите дека доколку издржат строга блокада околу Велигден, ќе можат да заминат на одмор во странство, додека министерот за здравство Јан Блатни само внимателно најави дека постепеното и бавно олеснување на мерките ќе започне кон средината на април.
„Бројките се подобри, но сепак се многу високи. Тоа е добра вест и ќе остане добра ако издржиме да продолжиме да се среќаваме минимално барем во следните две недели, со цел бројките радикално да се намалат. Тогаш, терминот 12 април ќе биде реален“, рече министерот за здравство за олеснувањето на санитарните мерки на прес-конференцијата.
Според бројот на новозаразени со коронавирус во последните 14 дена во Европската Унија, Чешка беше најлоша од почетокот на февруари до сега, кога Естонија го „зазеде“ првото место на новата листа со 1.521 заразен на 100.000 жители.
Чешка бележи 1.328 случаи, за 12,5 проценти помалку од пред една недела, а трета според бројот на заразени во ЕУ е Унгарија, со 1.146 случаи на 100.000 жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меркел: Загрижени сме за здравјето на Навални

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази голема загриженост денеска во врска со здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.
„Германската влада, заедно со другите, врши притисок да му се обезбеди соодветна медицинска нега“, рече Меркел пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Таа исто така го оцени како многу алармантно групирањето на руски трупи на границата со Украина.
Меркел рече дека е важно да се задржи дијалог на таа тема.
Европа
Бројките од Австрија покажуваат колку е ефикасна вакцинацијата

Само 10 проценти од новозаразените со коронавирус во Австрија се на возраст над 65 години, што укажува на тоа дека кампањата за вакцинација во таа земја почнува да функционира.
Од 17.135 новозаразени минатата недела, 10,2 проценти, или 1.743, биле на возраст над 65 години, што укажува на тоа дека вакцината почнува да дејствува.
Меѓу граѓаните постари од 85 години, 71 процент од мажите и 65 проценти од жените ја примиле барем првата доза на вакцината.
Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, вакцинирани се 69 проценти од мажите и 67 проценти од жените, а во возрасната група од 65 до 75 години, 44 проценти од мажите и 42 проценти од жените биле вакцинирани.
Во Австрија, 1,76 милиони граѓани, односно 23,36 проценти од населението, ја примиле првата доза на вакцината досега. Дадени се две дози на 718.314 лица – 9,54 проценти од населението.
Учеството на млади под 25 години меѓу новите случаи сега е 30,7 проценти.
Просечната возраст на нови случаи во Австрија минатата недела беше 37,6 години, а до пред една година 56,7 години.
Европа
Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа од набавка на руската вакцина „спутник В“, во услови на дипломатски конфликт со Москва.
Одлуката е донесена по неколку меѓусебни протерувања на дипломати, откако Прага ги обвини руските тајни служби за смртоносната експлозија во Врбетице во 2014 година, во која загинаа две лица.
„Нема да бараме документи за проценка на безбедноста од ‘Росатом’“, им рече на новинарите чешкиот министер за индустрија и трговија, Карел Хавличек.
По одлуката за исклучување, договорoт за изградба на нова единица во нуклеарната централа „Дуковани“ на југот од Чешка до 2036 година, можеби ќе биде склопен со францускиот ЕДФ, јужнокорејскиот КХНП и американскиот „Вестингхаус“.
Чешкиот министер за надворешни работи, Јан Хамачек, објави и дека неговата земја сега веќе нема намера да ја набави руската вакцина против Ковид-19, „спутник В“.
„Ќе се потпреме на вакцините одобрени од Европската агенција за лекови, ЕМА“, додаде тој.
Употребата на „спутник В“ предизвика превирања на чешката политичка сцена.
Пред една недела, чешкото претседателство објави смена на министерот за надворешни работи, Томаш Петричек, кој беше против употребата на таа вакцината без одобрение во Европа.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?