Свет
Човечки остатоци пронајдени кај рудник за јаглен на Нов Зеланд, 11 години по несреќата
Остатоците од некои од рударите кои загинаа во рудникот за јаглен во реката Пајк на Нов Зеланд се пронајдени повеќе од една деценија по серијата експлозии, што е една од најтешките рударски несреќи во таа земја.
Кога метанот предизвика серија експлозии во ноември 2010 година, во рудникот беа затрупани 29 работници, од кои 24 државјани на Нов Зеланд, двајца Австралијци, двајца државјани на Велика Британија и еден државјанин на Јужна Африка, пишува „Гардијан“.
Нивните тела никогаш не биле пронајдени, а двајца рудари успеале да побегнат.
Денеска, на само два дена пред 11-годишнината од трагедијата, полицијата соопшти дека се пронајдени човечки останки, но дека се наоѓаат во најоддалечените делови на затворениот рудник и дека не може да се извлечат.
Детективот Питер Рид изјави дека при длабокото дупчење во рудникот се направени фотографии кои потврдуваат дека на тоа место има две тела, со можност да има и трето.
„Иако не сме во можност да ги идентификуваме останките, работиме со форензички експерти за да видиме што може да се направи доколку нивниот идентитет биде потврден“, рече Рид.
Рудникот е затворен со години, а влезот е забранет од безбедносни причини.
Како што пишува „Ројтерс“, на истражителите конечно им бил дозволен пристап во 2019 година по барање на семејствата на загинатите рудари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Војната во Иран може да го отежни снабдувањето на Украина со ракети, Путин ослабен
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ескалацијата на конфликтот во Иран може да го отежни снабдувањето на Украина со ракети за воздушна одбрана, бидејќи на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници би можеле да им бидат потребни овие резерви на Блискиот Исток.
Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Зеленски оцени дека нападот врз иранските воени цели бил добра одлука, наведувајќи дека Иран произведува значителни количини оружје за Русија, особено беспилотни летала и ракети.
„Можеме да се соочиме со тешкотии во набавката на ракети и системи за одбрана на нашето небо. Американците и нивните сојузници може да ги задржат за свои потреби“, рече Зеленски, потсетувајќи дека испораките за Украина беа забавени за време на претходните тензии на Блискиот Исток.
Зборувајќи за рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски рече дека тој е „ослабен“ и дека ја загубил зимската офанзива против Украина.
„Нападите врз енергетската инфраструктура во текот на зимата не успеаја да нè скршат или да го поделат општеството“, рече претседателот на Украина.
Зеленски повтори дека Украина нема да се согласи на повлекување од Донбас, нагласувајќи дека таков потег би им отворил пат на руските сили кон внатрешноста на земјата. Тој додаде дека Киев останува отворен за преговори, но дека позициите на двете страни се уште се далеку одвоени, особено во однос на територијата и безбедносните гаранции, пренесува Танјуг.
Коментирајќи ја можноста Европа да преземе поголема улога во воената поддршка на Украина, Зеленски рече дека европските земји имаат силна индустриска база, но дека сè уште не се целосно подготвени да ја заменат американската воена помош.
Тој, исто така, го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан, наведувајќи дека Будимпешта нема значителна воена тежина и повтори дека обновувањето на гасоводот „Дружба“ бара прекин на огнот, обвинувајќи ја Русија за претходните напади врз таа инфраструктура.
Зборувајќи за внатрешните прашања, Зеленски рече дека претседателските избори ќе се одржат дури по завршувањето на војната и дека сè уште не одлучил дали повторно ќе се кандидира.
Тој, исто така, истакна дека во Украина се формирани независни институции за борба против корупцијата, кои, како што изјави, имаат негова целосна поддршка.
Свет
Погоден нуклеарeн објект во Иран, ИАЕА потврди оштетувања на влезните згради
Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во неодамнешните напади се оштетени влезните згради на постројката за збогатување гориво Натанц во Иран.
ИАЕА наведува дека на самото нуклеарно постројување не е забележано дополнително влијание и дека не се очекуваат радиолошки последици. Проценката е донесена врз основа на најновите достапни сателитски снимки.
Според претходна проценка на ИАЕА, подземниот дел од постројката бил „тешко оштетен“ во нападите во јуни.
Based on the latest available satellite imagery, IAEA can now confirm some recent damage to entrance buildings of Iran’s underground Natanz Fuel Enrichment Plant (FEP). No radiological consequence expected and no additional impact detected at FEP itself, which was severely… pic.twitter.com/7CS7BRZo1s
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) March 3, 2026
Фото: depositphotos
Свет
Израел испрати дополнителни сили во јужен Либан, Шошани тврди: „Ова не е копнена офанзива“
Израел испрати дополнителни сили во јужен Либан, соопшти израелската војска.
Портпаролот на војската, Надав Шошани, изјави дека ова не е маневар, копнена офанзива ниту нешто слично, туку тактичка мерка за спречување напади на Хезболах. Тој додаде дека постои реална можност движењето да ги ескалира операциите против Израел.
Не е соопштено колку војници се распоредени. Израелските сили, кои досега биле стационирани на пет позиции во јужен Либан, зазеле и дополнителни стратешки локации во близина на границата, од каде што, според Шошани, може да се гранатираат израелски населби или да се изведат обиди за инфилтрација.
Министерот за одбрана Израел Кац соопшти дека тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху ја одобриле одлуката за заземање и обезбедување дополнителни позиции со цел да се спречат напади врз израелските погранични заедници.
Хезболах претходно истрела неколку ракети кон Израел како одмазда за израелско-американски напад врз Иран, по што Израел возврати со воздушни напади врз позиции на движењето, вклучително и во Бејрут.

