Контакт

Свет

Шатори пред болници во Австралија, рекорден број на новозаразени со Ковид-19

Објавено пред

Дневната бројка на новозаразени случаи со коронавирус во Австралија денеска надмина 1.000 лица, за првпат од почетокот на глобалната пандемија, а две големи болници во Сиднеј поставија шатори за итна помош за да згрижат нови пациенти.

Сиднеј, најголемиот град во земјата и епицентарот на тековната епидемија, се бори да го потисне растот на новозаразени со коронавирусот, а бројот на дневна основа достигнува рекордни нивоа дури и по двомесечниот карантин, пренесуваат агенциите.

Австралиската држава Нов Јужен Велс пријави 1.029 нови локално пренесени случаи, надминувајќи го претходниот рекорд од 919 регистрирани претходниот ден.

Наглиот пораст на бројот на пациенти со Ковид-19 принуди две болници во Сиднеј, Вестмид и Блектаун, да постават шатори за преглед на пациенти и примена на терапија.

Од 116 лица на интензивна нега во Нов Јужен Велс, 102 не се вакцинирани.

Освен Сиднеј, вториот по големина град во земјата, Мелбурн и главниот град Канбера, исто така се под строго заклучување, а повеќе од половина од 25-те милиони жители на Австралија се под строга наредба да останат дома.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Швајцарија на референдум кажа „да“ за истополовите бракови

Објавено пред

На денешниот референдум, швајцарските граѓани дадоа зелено светло за истополовите бракови и посвојувањето на деца од страна на геј двојките.

Според податоците објавени од федералната влада, 64,1 отсто од избирачите гласале за истополови бракови.

„Многу сме среќни“, рече Антонија Хаусвирт од националниот комитет „Бракови за сите“, додавајќи дека поддржувачите на истополовите бракови вечерва слават во Берн.

„Амнести Интернешнл“ објави дека ова гласање е голем чекор во рамноправноста.

Швајцарската министерка за правда Карин Келер-Зутер рече дека законот ќе стапи во сила на 1 јули 2022 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Проекции: Социјалдемократите со мало водство пред конзервативците на изборите во Германија

Објавено пред

Според проекциите на две германски телевизии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на денешните парламентарни избори освои околу еден процент повеќе гласови од конзервативната коалиција.

Според проекцијата на АРД, врз основа на резултатите од излезната анкета и првичното пребројување на гласовите, СПД доби 25,5 проценти од гласовите, а конзервативната коалиција на Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и Христијанско -социјалната унија (ЦСУ ) 24,5 проценти.

Телевизиската проекција на ЗДФ покажува дека СПД, чиј кандидат за канцелар е Олаф Шолц, освои 25,7 проценти, а Демохристијаните, предводени од Армин Лашет, освоија 24,6 проценти од гласовите.

И двете проекции предвидуваат дека Зелените преводени од Аналена Бербок се на третото место, со околу 14 проценти од гласовите.

Според проекциите, Бундестагот ја вклучува и либералната Слободна демократска партија (ФДП) со околу 12 проценти од гласовите, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) со која никој не сака да соработува со околу 11 проценти , и Левица, која е на крајно левичарски позиции, со околу пет проценти.

На претходните избори, одржани во 2017 година, ЦДУ имаше 32,9 проценти од гласовите, СПД 20,5 проценти, Зелените 8,9 проценти, ФДП 10,7 проценти, АфД 12,6 проценти и Левицата 9,2 проценти.

Тесниот резултат на денешните избори сугерира дека претстојат долги преговори за нова влада и оти е неизвесно кој ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, која се пензионира по 16 години на чело на владата.

Доколку излезните анкети се покажат како точни, резултатот на ЦДУ ќе биде негов најлош во повоената историја на Германија.

Процесот за формирање нова коалиција може да трае со месеци, а Меркел ќе остане на чело на техничката влада, таканаречената голема црно-црвена коалиција, која ги вклучува и ЦДУ-ЦСУ и СПД.

Партијата што освои најмногу гласови на изборите нема загарантирано канцелариско место.

СПД може да ја формира таканаречена „семафор коалиција“ со Зелените и ФДП. Додека Зелените традиционално се вртат кон социјалдемократите, главната пречка за таа црвено-зелено-жолта коалиција е тоа што либералите претпочитаат да дојдат на власт со идеолошки поблиските демохристијани.

Најголемата шанса на Лашет да ја добие функцијата канцелар би била коалицијата ЦДУ-ЦСУ со Зелените и либералите. За оваа „јамајканска коалиција“, таканаречена поради црно-зелено-жолтата партиска боја, најголемата пречка е јазот меѓу демохристијаните и Зелените во буџетската и финансиската политика.

По објавувањето на резултатите врз основа на излезните анкети, и демохристијаните и социјалдемократите изразија надеж дека ќе формираат владејачка коалиција и дека нивниот кандидат ќе ја наследи Меркел.

Конзервативниот лидер Лашет рече дека неговата коалиција ќе стори сé за да формира нова влада, иако, како што рече, „тие не можат да бидат задоволни со резултатите“ врз основа на излезните анкети.

Тој изјави дека таквиот исход на изборите „претставува голем предизвик за Германија, ЦДУ и сите демократски партии“.

Социјалдемократската партија на Германија објави дека смета дека и е даден мандат за формирање владејачка коалиција и дека нејзиниот кандидат Олаф Шолц треба да стане канцелар.

Шолц го оцени резултатот од СПД како „голем успех“, наведувајќи дека многу гласачи гласале за таа партија затоа што сакаат промена на власта.

„Сега ќе ги чекаме конечните резултати, но потоа ќе се фатиме за работа“, порача Шолц.

Прикажи повеќе...

Европа

Излезни анкети во Германија: Мртва трка помеѓу ЦДУ и СПД

Објавено пред

Според првичните прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) освоија по 25 проценти од гласовите.

На трето место се Зелените со освоени 15 проценти од гласовите. Либералите (ФДП) и деснопопулистичката АфД имаат по 11 отсто гласови, Левица освои 5 проценти, а преостанатите 8 отсто од гласовите ги делат другите партии кои се тркаа за место во Бундестагот, пишува „Дојче Веле“.

Од 18 часот се затворија избирачките места. Околу 60,4 милиони Германци имаа можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за идниот канцелар, што ќе ја наследи Ангела Меркел.

До рано попладнево одзивот на изборите беше помал отколку пред четири години. До 14 часот, на гласање изглегле 36,5 проценти од граѓаните со право на глас.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Проекции: Социјалдемократите со мало водство пред конзервативците на изборите во Германија

Според проекциите на две германски телевизии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на денешните парламентарни избори освои околу еден процент повеќе...

Топ10 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион11 час

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија11 час

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија15 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа18 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија18 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија1 ден

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија1 ден

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија3 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа3 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа3 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Досие