Свет
Швајцарија и Холандија воведуваат полициски час и забрана за јавни собири
Јавните собири ќе продолжат да бидат забранети во Холандија, а Швајцарија треба да спроведе слична забрана бидејќи двете нации се борат против влошувањето на инфекциите со Ковид-19 среде вториот бран на вирусот во Европа.
„Навистина не оди добро – ниту со стапката на инфекција и ниту во болниците“, рече вчера холандскиот премиер Марк Руте додавајќи дека во наредните недели може да се изречат повеќе мерки доколку ширењето на вирусот не забави.
Ова следува откако холандската влада гласаше за продолжување на делумната блокада на државата до 15 јануари, што значи дека рестораните ќе останат затворени, а на домаќинствата ќе им биде дозволено најмногу три гости истовремено во текот на празничниот период.
Холандија пријави 43.103 нови инфекции со Ковид-19 во периодот до 8 декември, што е зголемување од над една четвртина од 33.949 претходната недела, според Националниот институт за здравство.
„Сега имаме речиси 10.000 празни стола на божикната трпеза поради короната“, рече Руте во врска со бројот на загинати во земјата од 9.704 за време на, како што рече, тешката година.
Неговиот мрачен тон го повтори и претседателката на Швајцарија, Симонета Сомаруга, која предупреди дека најлошото од пандемијата допрва претстои ако Швајцарија не постапи доволно бргу, истакнувајќи дека е неопходна забрана за сите јавни настани.
Почнаа владините преговори со 26 кантони во Швајцарија за воведување полициски час, според кој продавниците, рестораните, маркетите и просториите за одмор ќе бидат принудени да се затворат до 19 часот до 20 јануари.
Планирано е целосно затворање на сите продавници и услуги во недела, а најмногу пет лица може да се сретнат едни со други од две домаќинства, освен на 24, 25, 26 и 31 декември кога може да се соберат 10 лица.
Скијачките центри се ослободени од ограничувањата како активност на отворено, а луѓето исто така се очекува да може да се собираат за црковните служби и парламентот.
Во вторникот Швајцарската федерална канцеларија за јавно здравје објави дополнителни 4.262 инфекции со коронавирус, со што вкупниот број достигна 354.568, а други 92 лица го зголемија бројот на починати во Швајцарија и Лихтенштајн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.
Свет
Макрон: Франција ќе испрати воен брод на Гренланд
Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници на Гренланд, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој предупреди на појавата на „нов колонијализам“ и на изјави што, како што рече, „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“.
Макрон ова го соопшти во новогодишното обраќање до француските вооружени сили, наведувајќи дека дел од француските војници веќе се распоредени на Гренланд, на барање на Данска, каде им се приклучиле сили од Норвешка, Шведска и Германија.
„Нашите сили во наредните денови ќе бидат дополнително зајакнати копнено, поморски и воздушно“, рече Макрон, без да наведе детали.
Според достапните информации, најмалку еден француски воен брод и неколку авиони веќе се на пат кон северниот Атлантик.

