Европа
Шведската влада побара нов закон за воведување посилни мерки

Шведската влада предложи нов закон со кој ќе се дадат поголеми овластувања за борба против пандемијата на коронавирусот.
Новиот закон ќе ѝ даде на владата слобода за спроведувањето рестриктивни мерки, како што се затворање трговски центри и спортски сали.
Законот најпрвин ќе им биде презентиран на релевантните засегнати страни пред да биде изгласан во парламентот, а спроведувањето на законот би можело да почне на 15 март и да биде во сила околу една година, се вели во соопштението на владејачката коалиција, пренесува „Ројтерс“.
Вториот бран на пандемијата ја погоди скандинавската земја до тој степен што беа забележани негативни дневни рекорди, а бројот на хоспитализирани лица и починати скокна во претходните два месеца.
Предлог-законот наведува дека владата ќе има поголема можност да ги следи и утврдува мерките за борба против пандемијата, како што се ограничување на луѓето, одредување работно време во продавниците, но и целосно затворање во краен случај.
„Сепак, затворањето е многу наметлива мерка. Таквата одлука треба да биде предмет на дискусија во парламентот“, рече министерката за социјални работи, Лена Халенгрен.
Шведскиот закон не ѝ дозволува на владата да спроведе драконски мерки, како што е целосно затворање на економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ испрати инспекција во фабриката на „Астразенека“ поради доцнењето на испораката на вакцини

Белгиските регулатори почнаа истрага во фабриката за производство на вакцини на компанијата „Астразенека“ близу Брисел. Истрагата ја побара Европската комисија во моментот на ескалација на спорот околу недостигот на вакцини во Европската Унија.
Првата посета на претставниците на белгиската Федерална агенција за лекови заврши во средата во фабриката во градот Сенефе, во провинцијата Ено, соопшти белгиското Министерство за здравство. Земени се примероци и евиденција од фабриката, а во наредните денови се очекува понатамошен преглед на објектот.
Истрагата беше побарана од извршното тело на ЕУ поради сомнежи во образложението на „Астразенека“ за очекуваниот недостиг на испораки на вакцини во ЕУ.
Англо-шведската компанија објави дека ќе може да испорача само околу 25 проценти од договорените 100 милиони дози на земјите членки на ЕУ во првиот квартал поради проблеми во белгиската фабрика во сопственост на француската компанија „Новасеп“. Вакцината на „Астразенека“ се очекува да биде одобрена од Европската агенција за лекови во петок.
Европската комисија засега не се огласи и не потврди дека побарала истрага и зошто.
Белгиските власти соопштија дека сега ќе ги анализираат наодите во соработка со експерти од Холандија, Италија, Шпанија и други земји.
Портпаролката на белгиското Министерство за здравство изјави дека инспекцијата во фабриката „Астразенека“ во Сенефе е извршена со цел со сигурност да се утврди дека доцнењето во испораката навистина се должи на проблеми со производството во белгиската фабрика. Како што додаде таа, истрагата се води во целосна транспарентност.
Европа
Во Германија се појави дански вид на Ковид-19 кој полесно продира во организмот

Британскиот и јужноафриканскиот вид коронавирус веќе подолго време ги плаши сите европски земји, а сега во Германија е идентификуван нов вид од Данска, за кој се тврди дека полесно го заобиколува одбранбениот систем на организмот.
Плашејќи се од ширење, данската влада ги уби сите визони во земјата во ноември, а видот се очекуваше да исчезне.
Сепак, два случаи на данскиот вид се идентификувани во Ансбах и Ној-Улм во Германија.
Според медиумите, лабораторијата во Аугсбург докажала дека причина за болеста на двајца пациенти постари од 60 години е данскиот вид.
Засега е нејасно какви врски би можеле да имаат пациентите со Данска.
Европа
Инфлуенсерка обвинета за поттикнување самоубиство преку „Тик-ток“

Италијанската полиција покрена обвиненија за поттикнување самоубиство против 46-годишна инфлуенсерка, по потекло од сицилијанскиот град Сиракуза, пишува интернет-весникот „Фанпејџ“.
Полицијата одговорила откако жената објавила видео на социјалната мрежа „Тик-ток“ во кое таа и уште едно лице ги „предизвикале“ корисниците да ги покријат носот и устата со самолеплива лента, како што направиле и тие двајцата, и со тоа да спречат да дишат па да видат кој може да издржи подолго.
Полицијата оцени дека овој потег е крајно опасен затоа што е достапен на најшироката публика, вклучително и за малолетници кои се големи корисници на мрежата „Тик-ток“.
Во една порака, малолетно момче му кажува на инфлуенсерот дека е подготвен да се фрли низ балконот ако таа го поздрави лично.
Јавното мислење во Италија минатата недела беше шокирано од смртта на десетгодишно девојче од Неапол, кое, учествувајќи во сличен „предизвик“, почина.
Откако полицијата изврши претрес во станот и го одзеде компјутерот на инфлуенсерката, откриени се десетици слични видеопредизвици, кои на жената и овозможија онлајн публика од 750.000 луѓе.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома