Европа
Шведска воведува дигитален корона-пасош од 1 јуни

Шведска објави дека има намера да воведе дигитален корона-пасош до летото.
„Почна спроведувањето на меѓународните процеси поврзани со техничките решенија и стандардите за докажување на вакцинацијата. Шведска треба да биде вклучена во ова“, изјави министерката за здравство, Лена Халенгрен, на прес-конференција.
Со воведувањето на дигитална потврда Швеѓаните ќе имаат документ за вакцинација против коронавирусот, рече Андерс Игеман, министер за дигитален развој.
Потврдата за вакцинација треба да е во согласност со меѓународните правила и стандарди и да го гарантира правото на приватност.
Владата се надева дека пасошот ќе биде воведен на 1 јуни и предвидува и други земји да бараат доказ за вакцинација за влез во земјата или за присуство на конференции, музички фестивали и спортски настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Запленети рекордни 23 тони кокаин наменети за продажба во Холандија

Царините во Германија и Белгија заплениле рекордни 23 тони кокаин наменети за трговија во Холандија, пренесува Би-би-си.
Германските власти откриле 16 тони во пет транспортни контејнери што претходно месецов пристигнале во пристаништето во Хамбург од Парагвај. Веднаш била известена полицијата во Холандија, а во белгиското пристаниште Антверпен биле запленети уште 7,2 тони кокаин.
Германските власти соопштија дека уличната вредност на кокаинот се проценува на милијарди евра.
Во Антверпен, дрогата билa скриенa во контејнер исполнет со дрвени блокови од Панама.
Кокаинот пронајден во Хамбург бил скриен во конзерви кои содржеле гипс што се користи за пополнување на пукнатини во ѕидови.
Уапсен е 28-годишен маж осомничен за вмешаност во трговијата со рекордната количина кокаин, соопшти холандската полиција. Според извештаите на медиумите, станува збор за холандскиот државјанин Атиф С.
Европа
Европол: Уапсени 38 лица за трговија со мигранти

Европол денеска објави дека 38 лица се уапсени во Франција, Романија и Молдавија под сомнение дека се членови на криминална организација што шверцувала и експлоатирала работници мигранти, пренесува Ројтерс.
Во разбивањето на оваа организирана криминална група учествуваа полицајци, кои се обвинети за криумчарење мигранти, трговија со луѓе заради трудова експлоатација, измама со документи, социјални бенефиции и перење пари, се вели во соопштението на Европол.
Европа
Финска воведува тримесечна блокада поради пандемијата на коронавирусот

Од 8 март Финска воведува мерка на затворање на јавниот и економски живот во период од три недели, поради зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот, објави премиерот Сана Марин.
Блокадата нема да вклучува полициски час, но рестораните ќе бидат затворени, додека учениците на возраст од 13 години и постари ќе мора да преминат на настава од далечина, се вели во соопштението.
Покрај зголемениот број на заразени, експертите предупредуваат дека во Финска се појави нова мутација на коронавирусот. Оваа варијанта е означена како „фин-796Х“ и претставува мутирана форма на претходни соеви кои се откриени во Велика Британија и Јужна Африка.
Откриено е дека овие соеви се пренесуваат полесно отколку претходните форми на коронавирусот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер