Свет
Шведска го крши правото на ЕУ со времето за чекање дозвола за престој

Шведската Агенција за миграции го прекршила правото на ЕУ со тоа што не издава дозволи за престој во договорените временски рокови, се вели во новата жалба до Европската комисија, пренесува „Локал“.
Шведска се најде во тужбата на Европската канцеларија за права до Европската комисија поради одложувања во издавањето дозволи за престој на државјани кои не се членки на ЕУ со членови на семејството кои се државјани на ЕУ. Според законот на ЕУ, овој вид дозвола (за повторно обединување на семејството) треба да се издаде во рок од шест месеци по поднесувањето на барањето иако шведскиот закон бара само дозволата да се издаде во рок од девет месеци.
Барањата кои мора да се исполнат за да се добие дозвола за престој на член на семејството во 2016 година претрпеле значителни промени. На пример, член на семејството што веќе е во Шведска треба да покаже дека може да обезбеди финансиски средства и за себе и за апликантот.
„Одложувањето на издавањето дозволи за престој влијае врз можноста на членовите на семејствата од земји што не се членки на ЕУ да водат нормален живот во Шведска”, се вели во изјавата на Европската канцеларија за права.
Додека ја чекаат дозволата, членовите на семејствата од земји што не се членки на ЕУ не можат да ја напуштат Шведска или да го докажат своето право на работа во земјата, што влијае врз нивните можности за кариера.
Ова е вторпат за помалку од една година Европската канцеларија за права да ја упати Шведска до Европската комисија. Последниот приговор, поднесен во ноември, се однесуваше на строгите правила за издавање личен број на граѓаните на ЕУ и на нивните членови на семејството во Шведска. И во Шведска, бројот на поплаки до Агенцијата за миграција испратени до Парламентарниот народен правобранител на земјата се зголеми за 255 отсто помеѓу 2014 и 2017 година, а времето на чекање е едно од најчесто повторуваните проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Турција би можела да го поддржи влезот на Финска во НАТО, рече Ердоган

Ердоган рече дека Турција може да го прифати членството на Финска во НАТО, пренесува АФП.
За потсетување, Турција ја блокира Шведска по демонстрациите пред турската амбасада претходно овој месец. Во исто време Финска најави дека е можно да се почне да се размислува за влез во НАТО без Шведска.
Свет
Трамп: Бајден не’ доведе до работ на третата светска војна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го прозва својот наследник Џо Бајден за неговата политика кон војната во Украина. Трамп порача дека тој би преговарал со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.
„Џо Бајден преку слабост и неспособност нè доведе до работ на третата светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на третата светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот“, рече Трамп.
Инаку, тој ја започна предизборната кампања откако претходно ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа.
На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, од кои беше избркан поради инвазијата на неговите приврзаници во Капитол пред две години. Тој веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.
Свет
Украинците тврдат дека Русите погодиле болница, се споделуваат вознемирувачки сцени

Според локалните власти, три лица загинале, а пет се повредени по руското гранатирање на Херсон.
Регионалната воена управа на Херсон на својот канал Телеграм објави дека цел на руските сили биле болница, училиште, автобуска станица, пошта, банка и станбени згради.
Се наведува дека има тројца загинати и пет повредени.
Меѓу повредените е и медицинска сестра која работела во регионалната болница, изјави Јури Соболевски, заменик-шеф на Регионалниот совет на Херсон.
На социјалните мрежи се шират страшни слики наводно направени во болница. Една од тие слики покажува уништена соба на пациентот со крвави траги на креветот и многу крв на подот.
И Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, објави дека Русите ја нападнале болницата во Херсон и сподели слики на социјалните мрежи.
Russia continues shelling Kherson. This time it attacked a hospital. There are dead and wounded, their number is being verified.
Terrorist state continues attacking civilians . pic.twitter.com/sGta6oPqDj
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 29, 2023