Европа
Шефот на американската дипломатија: Русија ги обучува севернокорејските војници во артилерија, беспилотни летала

САД очекуваат пристигнување на севернокорејската армија во руската област Курск, која треба да започне да војува против Украина во наредните денови, изјави шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен, повикувајќи ја Кина да го искористи своето влијание и да го заузда Пјонгјанг.
Блинкен рече дека Русија ги обучува севернокорејските војници во артилерија, беспилотни летала и основни пешадиски операции, со што јасно стави до знаење дека целосно имаат намера да ги користат силите во операциите на првата линија.
Највисокиот американски дипломат рече дека има 10.000 севернокорејски војници во Русија, вклучително и 8.000 во регионот Курск каде што украинските сили сè уште држат територија по инвазијата на руска територија во август.
„Севернокорејските војници ќе станат легитимни воени цели доколку влезат на бојното поле“, нагласи Блинкен на прес-конференција во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејските колеги.
„Се уште не сме сведоци на распоредувањето на овие војници во борба против украинската армија, но очекуваме тоа да се случи во наредните денови“, рече тој.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-хјун исто така изјави дека Северна Кореја и испорачала на Русија повеќе од 1.000 проектили.
„Повеќе од 1.000 проектили се испорачани“, рече Ким Јонг-хјун на прес-конференција во Вашингтон, додавајќи дека Северна Кореја доставила и милиони муниција.
Остин рече дека САД ќе објават нова безбедносна поддршка за Украина во наредните денови.
„САД и Јужна Кореја се согласија дека Кина треба да стори повеќе за да ги потисне провокативните дејствија на Северна Кореја“, рече Блинкен, додавајќи дека американските власти имале „цврста дискусија“ со Пекинг оваа недела.
„Мислам дека тие се добро свесни за загриженоста што ја имаме, и за очекувањата, и на збор и на дело, и тие ќе ги искористат моќта што ја имаат за да ги ограничат тие активности“, рече Блинкен за кинеските власти.
Пекинг, близок партнер и на Москва и на Пјонгјанг, досега постојано повикуваше на деескалација на сите страни и на политичко решение на конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.