Европа
Шефот на британската армија: Мора да се подготвиме за борба против Русите во Европа

Првиот човек на британската армија, генерал Патрик Сандерс изјави дека „британските војници мора да се подготват за борба во Европа“.
„Сега пред нас имаме императив да создадеме армија која е подготвена да се бори рамо до рамо со нашите сојузници и да ја победи Русија во борба“, рече генералот Сандерс.
„Ние сме генерација која мора да ја подготви армијата да се бори уште еднаш во Европа“, додаде тој, пренесе „Дели мејл“.
„Руската инвазија на Украина ја нагласува нашата основна цел – да го заштитиме Обединетото Кралство и да бидеме подготвени да се бориме и да победиме во копнената војна“, додаде британскиот генерал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шарл Мишел: Украина може да се приклучи на ЕУ во 2030 година ако двете страни си ја завршат домашната задача

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да ѝ се приклучи на Европската Унија во 2030 година доколку двете страни си ја завршат домашната задача.
„Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските барања. Нам во ЕУ треба да ни биде јасно што сакаме да постигнеме заедно, кои се нашите приоритети и на што сакаме да ги трошиме парите. И ние мора да ги забрзаме нашите процеси на одлучување“, изјави Мишел во интервју за германски „Шпигел“.
Тој предупреди дека земјите од Западен Балкан 20 години чекаат да влезат во ЕУ поради што таму расте влијанието на Русија и Кина. Просперитетна и безбедна Украина е во интерес на Европа, додаде тој.
„Нивниот неодамнешен отпор кон Русија покажа дека Украина ѝ припаѓа на ЕУ. Ова би докажувало дека ЕУ е способна за геополитичко дејствување“, рече Мишел.
На забелешката на еден новинар на германски неделник дека САД досега обезбедиле повеќе воена помош за Украина отколку сите земји на ЕУ заедно, Мишел рече дека „ова не е натпревар“. Тој додаде дека геополитичкото влијание не се мери секогаш само со воена моќ.
„Во Обединетите нации ја позиционираме ЕУ како пионер во одбраната на мултилатералниот светски поредок заснован на правила. Ако ние не ја преземеме оваа улога, другите ќе изградат нов поредок – без нашите вредности и правила. Ако тоа се случи, би можеле да изгубиме сè“, изјави Мишел.
Тој рече и дека има итна потреба да се преговара за миграцијата со земји надвор од ЕУ и дека оваа тема ќе биде на дневен ред на неформалниот самит во Гранада.
Европа
Институтот за проучување на војната: Путин ја нападна Украина затоа што веруваше дека НАТО е слаб

Владимир Путин ја нападна Украина минатата година затоа што веруваше дека НАТО е слаб, според Институтот за проучување на војната.
Рускиот претседател веруваше дека инсталирањето проруска влада во Киев ќе биде безбедно и лесно. Неговата цел не беше да ја брани Русија од наводните закани, туку да ја прошири моќта на Русија, да ја искорени државноста на Украина и да го уништи НАТО, вели Институтот за проучување на војната додавајќи дека тоа се цели што тој сè уште ги следи.
До крајот на 2021 година се вели дека Путин се убедил оти Русија има можност безбедно да почне целосна инвазија на Украина за да постигне две цели. Тие требаше да воспостават руска контрола над Украина, без да се соочат со значителен отпор на Западот и да го нарушат единството на воениот сојуз, се додава во соопштението на Институтот.
Европа
Русија: Соборивме 31 украински дрон

Во текот на ноќта Русија собори 31 беспилотно летало лансирано од Украина над регионите Белгород, Брајанск и Курск кои граничат со Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
Нема информации за потенцијални жртви или штети, а Скај њуз не може самостојно да ги потврди извештаите.