Контакт

Европа

Шефот на европската дипломатија во самоизолација

Објавено пред

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и комесарот на Европската комисија за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, на „Твитер“ објавија дека се во самоизолација.

И двајцата во одделни објави денескa напишаа дека нивниот последен тест бил негативен на коронавирус и дека чекаат дополнителни тестови.

Ленарчиќ рече дека нема симптоми и дека се чувствува добро.

„Ме известија дека еден член на делегацијата, кој минатата недела патуваше заедно со мене и Јанез Ленарчиќ во Етиопија, е позитивен на коронавирусот. Бев негативен на враќањето во неделата. Одам да се самоизолирам според правилата и ќе чекам уште еден тест“, објави Борел на „Твитер“.

Европа

Од денес полициски час во Чешка и повторно над 15.000 новозаразени со коронавирус

Објавено пред

Во Чешка ќе стапи на сила полициски час денес од 21 до 5 часот наутро, како дел од заострувањето на мерките поради ширење на коронавирусот.

Вчера, премиерот Андреј Бабиш исто така најави дека владата ќе побара од парламентот да ги продолжи вонредните овластувања за уште еден месец, односно до 3 декември, додека се обидува да го запре наглото зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

Наредбата за вонредна состојба на чешката влада истекува на 3 ноември, потсетува „Ројтерс“.

Чешка со денови ги соборува сите рекорди по бројот на новоинфицирани лица, а овие бројки се над 10 000 на ден и оваа недела. Според последните информации, Чешка денес пријавила над 15.000 нови инфекции.

Чешка побара и веќе почна да добива респираторни машини од резервите на Европската Унија и НАТО и од земјите членки, вклучувајќи ги и Италија, Романија, Австрија или Унгарија, 1.500 респиратори им вети Нов Зеланд, а 500 Германија.

Прикажи повеќе...

Европа

Ватикан најави божиќна прослава на папата на интернет

Објавено пред

Божиќната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на коронавирус, потврди член на германската амбасада во Ватикан.

На амбасадите во Светата столица им беше кажано дека литургиите ќе се одржуваат „приватно без присуство на членови на дипломатскиот кор“ и ќе се емитуваат на интернет, објави Католичката новинска агенција.

Монсињор Оливер Лал, претставник на германската амбасада, за ДПА во вторникот изјави дека Ватикан испратил таква порака во врска со божиќниот период. Папата обично води миса на Бадник во Базиликата Свети Петар на 24 декември, во присуство на дипломати акредитирани од Ватикан и избрана јавност.

На веб-страницата на Ватикан не се споменува масовната прослава во декемвриската програма на папата, но традиционалниот благослов на Божиќните празници „Урби ет Орби“ на 25 декември е потврден.Ватикан веќе беше принуден да го откаже присуството на јавноста на прославата на Велигден во април, што тогаш беше невиден потег во модерното време.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е најголем број на заразени лица на дневна основа од почетокот на пандемијата во Италија.

Во соопштението се наведува дека починале уште 221 лице и ова е првпат од средината на мај повеќе од 200 лица да починаат во Италија.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја починале 37.700 луѓе, а вкупно заболеле 564.778 лица.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет1 час

Блумберг донираше уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донираше дополнителни 15 милиони долари на претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет1 час

Со коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени со коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет1 час

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за „забрзана регистрација и претквалификација“ на својата прва вакцина против новиот коронавирус...

Европа2 часа

Ватикан најави божиќна прослава на папата на интернет

Божиќната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет2 часа

Хакирана веб-страницата на кампањата на Трамп

Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп беше хакирана на една недела пред претседателските избори во САД. „Оваа страница...

Свет12 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија13 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа14 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија15 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија16 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија17 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт19 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет19 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет21 час

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија21 час

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука23 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија23 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија23 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија24 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Досие