Свет
Шизофренијата втор најризичен фактор за смрт од коронавирус
Американските научници открија дека шизофренијата е втор најризичен фактор за смрт од ефектите на коронавирусот по староста, пишува порталот „Сајанс Алерт“ (Science Alert).
Студијата е спроведена помеѓу март и мај минатата година на 7.350 њујорчани, кои биле позитивни на коронавирусот, а истражувачите ги следеле 45 дена по дијагнозата. Меѓу нив имало 75 пациенти кои страдале од шизофренија. Студијата покажала дека ризикот од смрт кај овие пациенти е речиси трипати поголем отколку кај пациенти кои не страдале од истото нарушување, откриле истражувачите. Така, во споменатата група субјекти, шизофренијата била на второ место според ризикот од смрт, веднаш зад староста.
Шизофренијата е ментално нарушување кое ја менува перцепцијата на пациентот за реалноста и влијае на неговото расположение. Тоа може значително да го наруши нивниот имунолошки систем, така што ова е можна причина за ранливост на коронавирусот, тврдат авторите на студијата.
„Нашите резултати покажаа дека луѓето со шизофренија се екстремно ранливи на Ковид-19“, рече психијатарот Катлин Немани од Медицинскиот центар „Лангоне“ на универзитетот во Њујорк.
„Овие се алармантни резултати. Овие пациенти се и така меѓу најранливите членови на општеството за кои повеќето здравствени системи во светот не се грижат доволно”, рече Том Полак, психијатар од Кингс колеџот во Лондон, кој не учествуваше во студијата.
Другите експерти кои не биле вклучени во студијата се повнимателни со заклучоците и веруваат дека резултатите од студијата може да се објаснат со други истовремени болести, како што се дебелината, на која се склони шизофрениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

