Свет
Шпанија: Полицијата употреби солзавец за да ги растера мигрантите
Најмалку 6.000 мигранти пристигнаа во шпанската африканска енклава Сеута од соседно Мароко, што е рекорден број за еден ден, соопштија денеска шпанските власти.
Тие наведоа дека мигрантите, меѓу кои има околу 1.500 малолетни лица, пливале околу граничните огради или оделе во време кога имало мала плима. Повеќето се од Мароко. Според Би-би-си, шпанските власти веќе вратиле околу 2.700 мигранти назад, но не и малолетници.
Шпанските енклави Сеута и Мелила станаа магнет за африканските мигранти. Шпанските трупи се распоредени на крајбрежјето за да ѝ помогнат на граничната полиција во Тарахал, главната влезна точка на Сеута, на јужната страна од енклавата. Министерот за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Мараласка, рече дека 200 војници, заедно со дополнителни 200 припадници на полицијата, ќе им помогнат на граничните сили на Сеута. Енклавата има околу 80.000 лица. Мароканските безбедносни сили во соседниот град Фнидек истрелаа солзавец за да ја растераат масата мигранти во близина на граничната ограда, пренесоа светските агенции.
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, го откажа планираното патување во Париз, каде што требаше да присуствува на самитот предводен од Франција за финансиска помош за Африка и, наместо тоа, се фокусира на кризата во Сеута ветувајќи максимална строгост во враќањето на нормалната состојба во енклавата.
Шпанските медиуми јавуваат дека ситуацијата била поинаква во Сеута, каде што мароканските граничари стоеле набљудувајќи ги мигрантите што се обидувале да влезат во енклавата преку морето. Како што се наведува, повеќето мигранти биле мажи, но имало и неколку семејства. Многу од нив користеа појаси за спасување и мали гумени елеци што не се потопуваат. Тие почнаа да пристигнуваат во Сеута во понеделникот по полноќ, но бројот се зголеми во текот на денот. Најмалку едно лице загина при преминување на границата.
Новиот прилив на мигранти доаѓа во време на напнати односи меѓу Мароко и Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

