Контакт

Свет

Шпанскиот премиер побара од каталонскиот лидер да разговара со оние што се против независноста

Објавено пред

Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата побара од сепаратистичкиот водач на Каталонија, Ким Тора, да почне дијалог со оние што се против независноста и да се откаже од својата „позиција“ за да ги ублажи тензиите во регионот, пренесува „Локал“.

Санчез, кој дојде на власт во јуни по соборувањето на неговиот конзервативен претходник Маријано Рахој, во понеделникот понуди да одржи референдум за поголема автономија за Каталонија како начин за олеснување на кризата.

Одбележувањето на годишнините од забранетиот референдум за отцепување од Шпанија и од неуспешното еднострано прогласување независност се на 1 и 27 октомври. Но, во вторникот во говорот во Барселона, Тора возврати дека сака референдум за самоопределување. Тој нагласи дека целта сè уште е да се добие независност од Шпанија и ги повика оние кои се за отцепување да се мобилизираат во наредните недели.

Санчез во средата рече дека сепаратистичката регионална влада во Каталонија треба да иницира голема дебата меѓу ненационалистите и националистите во Каталонија.

„Актуелната понуда на Тора може да задоволи половина од Каталонците (кои се за независност), но не ја задоволуваат другата половина од Каталонците”, рече тој .

Неговите коментари доаѓаат само неколку дена пред традиционалните, годишни демонстрации за Дијада, или Денот на Каталонија, на 11 септември. Големиот протест е планиран во центарот на Барселона под мотото „Да ја создадеме Каталонската Република”.

 

 

Свет

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Објавено пред

Од

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на Андреа Констанд во неговиот дом пред 14 години.

,,Ова е сериозно злосторство”, рече судијата од округот Монтгомери, Стивен Т. О’Нил.
“Господин Козби, сето ова ви се врати сега. Дојде денот, време е”.

Козби беше осуден во април годинава за нападот, но не ја коментираше пресудата. Неговите адвокати поднесоа жалба во случајот. На него исто така му е изречена казна со која ќе треба да плати 25 000 долари плус трошоците за гонење како дел од казната.

Обвинителите побараа од судијата во понеделникот да го осудат Козби на пет до десет години затвор во државниот затвор за нападот во 2004 година, велејќи дека тој не покажал каење за своите постапки. Сепак, бранителот на Козби, Џозеф П. Грин, побара куќен притвор, наведувајќи ја неговата возраст и слепило на Козби.

Одбраната на 80-годишниот комичар тврдеше дека тој има ослабен вид и оти не претставува опасност за својата околина, меѓутоа судот го карактеризира како предатор, па поради тоа е соочен со ваква казна. Тој ќе биде регистиран како сексуален напаѓач до крајот на животот, а ќе мора да посетува и психијатар. Исто така, јавноста ќе биде известувана за неговото место на живеење, како и за тоа каде се движи.

Пред изрекувањето на пресудата, Констанд напиша писмо од пет страници до судот објаснувајќи како нападот на Козби – и правната битка што следеше – го промени нејзиниот живот.

,,Бил Козби ми го зеде мојот прекрасен, здрав млад дух и го скрши. Тој ме остави без моето здравје и виталност, мојата отворена природа и мојата доверба во мене и другите”, пишува таа.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина го осуди потегот на САД за продажба на воена опрема на Тајван

Објавено пред

Од

Кинеските власти најостро ја осудија одлуката на Соединетите Американски Држави за продажба на воена опрема на Тајван. Пентагон во понеделникот ја одобри продажбата на воена опрема на Тајван.

Од Министерството за одбрана на САД е соопштено дека новиот контингент воена опрема ќе ги зголеми одбранбените капацитети на Тајван и дека тоа нема да ја загрози рамнотежата на воените сили во Азија.

,,Кина е незадоволна поради американската одлука и апсолутно е против тоа”, порача секретарот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг. Според неговите зборови, американската продажба на оружје на Тајван е спротивна на меѓународните правни норми.

„Тоа е груб напад на суверенитетот, територијалниот интегритет и националната сигурност на Кина”, додава тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Потребно е да се прошири составот на Советот за безбедност на ОН

Објавено пред

Од

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, повика на реформа на Советот за безбедност во говорот пред Генералното собрание на ОН.

Според него, ОН постигна непобитни успеси за 73 години, но се оддалечува од исполнувањето на очекувањата на човештвото за мир и просперитет. Тој побара да се прошири составот на Советот за безбедност.

,,Турција станува глас на светот, бидејќи светот е поголем од пет”, нагласи Ердоган, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои имаат право вето.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион4 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија5 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија6 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток7 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток7 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ8 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток9 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story11 час

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток11 час

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион11 час

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија12 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет12 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет13 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ13 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет17 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт1 ден

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија1 ден

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија1 ден

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Досие