Европа
Шпански научници предлагаат да се молчи во јавниот превоз поради коронавирусот
Научниците од шпанскиот Национален совет за истражување препорачуваат корисниците на метроата и јавниот превоз да не разговараат едни со други или преку мобилен телефон додека се возат, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, пишува шпанскиот весник „Ла Вангардија“.
Тие го правдаат своето мислење со податоци според кои воведувањето таква мерка може значително да го намали ризикот од зараза.
Експертите ширум светот со месеци бараат поостри мерки од нивните влади за да се спречи ширењето на заразата во воздухот.
Покрај одржувањето на физичката оддалеченост, личната хигиена и секојдневното носење маски, се знае дека проветрувањето е една од клучните мерки за спречување инфекција со коронавирус.
Докажано е дека вирусот може да се пренесе преку честичките во воздухот, поради што во повеќето згради, како што се училиштата, прозорците се отворени, така што просторот каде што престојуваат голем број луѓе постојано се проветрува.
Научникот од шпанскиот CSIC, Марија Круз Мингилон, ја истакна важноста на проветрувањето на просториите, но исто така смета дека би било добро да се почитува друга мерка – да се молчи, односно да не се зборува додека се вози во јавен превоз.
Мингвилон изненади со своето барање, велејќи дека „би било идеално да има натпис на влезот во метрото: Тишина во метрото“.
Таа објасни дека „тишината со правилно носење на маската придонесува за минимален ризик од пренесување на коронавирус“.
Мингијолон додаде дека во метро нема вентилација и дека ако некој заразен со коронавирус се вози со метрото, многу е важно во воздухот во вагоните да нема присуство на вирусот. Смета дека истата мерка треба да се примени и во другите видови јавен превоз.
Вкупниот број на случаи со коронавирус во Шпанија е 1,19 милиони и земјата се соочува со неконтролирано зголемување на бројот на новозаразени. Досега речиси 35.900 луѓе починаа како резултат на Ковид-19 во таа земја.
На 25 октомври шпанскиот премиер Педро Санчез донесе одлука за воведување вонредна состојба во претстојниот шестмесечен период, проследено со полициски час низ целата земја, со исклучок на Канарските Острови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Европа
Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари
После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови.
Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на атлантските циклони е ослабено и не се очекуваат долготрајни јужни ветрови во блиска иднина, пишува IstraMet.
Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Веќе во недела, температурите на воздухот ќе се спуштат на просечни нивоа за ова време од годината. Ова ќе биде и вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.
Позначајна промена е можна кон крајот на јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Таквиот развој на синоптичката ситуација би можел да го помести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од тој воздух ќе стигне до нашиот регион. Сè уште е прерано да се прават подетални прогнози.

