Контакт

Европа

Шпанците предвидуваат дека епидемијата на коронавирус би можела да трае четири месеци

Објавено пред

Епидемија со коронавирус би можела да трае четири месеци во Шпанија, втората земја по бројот на заболени во Европа, изјави претставник на шпанската здравствена служба.

„Воведените мерки ќе имаат ефект наредните десетина дена, само за да се запре ширењето на коронавирусот. Но, до запирање на неговото пренесување и до крај на оваа епидемија нема да дојде. Во најдобар случај, ќе трае уште еден месец и половина или два месеца. Ако работите не одат како што треба, ќе трае од 3 до 4 месеци“, изјави Фердинандо Симон на прес-конференција во Мадрид, откако брзо се зголемува бројот на луѓе заразени од неделата.

Во Шпанија во средата се пријавени 2.231 случаи на коронавирус. Досега починале 54 лица починале, а 183 се излечиле. Во главниот град Мадрид се половина од заболените.

Градинките, училиштата и факултетитесе затворени во Мадрид и околината, а од денеска се затвораат и музеите, базените, театрите, библиотеките и другите културни и спортски центри.

Леб и месо недостасувале на полиците на голема продавница во центарот на Мадрид, а клиентите сè повеќе купувале млеко и тоалетна хартија. Некои вработени работат од дома откако владата ги повика компаниите да го олеснат работното време и да им дозволат да работат од дома.Издадени се предупредувања кај оние кои не го дозволуваат тоа.

Во Каталонија откажани се сите настани што собираат 1.000 или повеќе луѓе.Шпанија ги прекина сите летови до и од Италија.

Европа

Велика Британија има проблем со тестирањето на граѓаните

Објавено пред

Британскиот министер за здравство, Едвард Аргар, предупреди на тешкотиите при спроведувањето на тестовите за Ковид-19 во Велика Британија и повика на почитување на мерките со цел да се избегне ново затворање на земјата.

Велика Британија се соочува со тешкотии во спроведувањето на тестови за Ковид-19 поради недостиг на лабораториски капацитет, додаде министерот Едвард Аргар.

„Капацитетот на лабораторијата е еден од тесните грла или еден од предизвиците за значително зголемување на тој капацитет“, изјави Аргар за „Скај њуз“, пренесува „Ројтерс“.

Велика Британија може да избегне понатамошни локални ограничувања и уште едно национално заклучување со придржување кон правилата како што се состаноци во групи до шест лица, изјави Аргар.

„Пораката е многу јасна ако се држиме до тоа (правилото шест), ако се држиме до упатствата за рацете, лицето и растојанието, можеме да избегнеме понатамошни локални ограничувања, можеме да избегнеме понатамошни национални ограничувања“, изјави Аргар за „Би-би-си“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Китови убијци нападнаа бродови во Шпанија

Објавено пред

Орките, познати и како китови убијци, во последните две недели нападнаа четири едрилици покрај северниот брег на Шпанија, предизвикувајќи вознемиреност кај туристите.

Ноќта од понеделник кон вторник, со разлика од само три часа, два едрилици мораа да побараат помош од брегот, откако црни животни, долги меѓу 7 и 8 метри и со тежина од пет тони, се залетаа во трупот на бродот. И во двата случаи, орките го уништиле кормилото, па едрилиците на отворено море чекале спасувачките бродови да ги влечат на пристаништето.

Двата напади се случиле покрај брегот на Галиција, провинција во северна Шпанија.

Првиот напад следувал кратко по полноќ кога двајца Французи на рекреативната едрилица „Амадеус“ почувствувале силни удари. Во темница, орките нуркале и удриле во едрилицата, осветлена со фенерче од еден од членовите на екипажот.

Едрилицата била на пат од градот Сантандер кон Коруна, но откако кормилото откажало под силата на ударите, патувањето било прекинато и бродот на Црвениот крст ја одвлекол едрилицата до пристаништето на блиското место.

Три часа подоцна, службата за спасување добила нов повик, овој пат двајца Шпанци биле нападнати од јато орки и им било уништено кормилото.

Минатата недела двајца други едрилици доживеале слична ситуација во тамошните води, но никој од екипажот не бил повреден.

„Бев исплашен“, рече 65-годишниот Марк Смит, Британец, кој пловел со својата пријателка Каролин кога го биле нападнати. На едрилицата долга 13 метри, тој прво почувствувал удар, а потоа му откажало кормилото.

“Видовме две орки како пливаат покрај едрилицата. Мислев дека судирот се случил случајно, но тогаш орките удрија во едрилицата со глава”, рече тој и додаде:

„Се плашев дека ќе паднеме во морето, и дека орките ќе ја потопат едрилицата.

Многумина се прашуваат дали орките напаѓаат луѓе и дали може да им го одземат животот.

„Нема сознанија за напади врз луѓе“, тврди морскиот биолог Бруно Дијаз, директор на истражувачкиот центар во Понтеведра. Тој додаде дека вообичаено е во овој период од годината да се гледаат орки во водите на Галиција.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешка ги заостри мерките поради зголемениот број новозаразени од коронавирус

Објавено пред

Чешка воведе построги правила поради зголемувањето на бројот на нови дневни инфекции со коронавирус, кој надмина 2.000.

Ресторани, кафулиња, барови, ноќни клубови и слични објекти може да имаат гости колку што има места за седење, соопшти чешкото Министерство за здравство.

За настани на затворено со повеќе од 10 лица, секој посетител ќе треба да има одредено место во иднина.

Тоа треба да создаде одредено растојание. Исклучок се изложбите и саемите.

Бројот на заразени лица во Чешка расте секој ден достигнувајќи рекордно ниво во средата со 2.139 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата. Ден претходно имаше 1.675.

Досега 481 лице починале како резултат на Ковид-19 во оваа членка на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија2 часа

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион2 часа

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет2 часа

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет2 часа

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет3 часа

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет4 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Свет15 часа

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“. Брејвик...

Свет16 часа

Границите на Унгарија остануваат затворени

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето...

Свет17 часа

(Видео) Полицаец во САД застрелан од автомобил – пред два дена беа застрелани и други двајца

Американски сојузен полицаец е застрелан пред судницата во Феникс, Аризона, во напад од автомобил, пренесуваат американските медиуми. Офицерот го преживеал...

Македонија19 часа

Нови 163 заболени и седум починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Заев на средба со грчката претседателка: Подготвени сме за интензивирање на соработката во согласност со договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, денеска оствари средба со претседателката на Република Грција, Катерина...

Македонија21 час

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во...

Македонија24 часа

Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид-19

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и...

Македонија1 ден

МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн-учење

Министерството за образование и наука објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив...

Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Му се закануваат на моето семејство

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и за неговото семејство по пишувањето на фејсбук-статусите за...

Регион1 ден

По две недели од почетокот на наставата во Србија, 52 ученици заболеле од Ковид-19

Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и средните училишта во Србијам вкупно 52 ученици и 20...

Европа1 ден

(Видео) Голем пожар во италијанско пристаниште, изгореа неколку складишта

Голем пожар избувна синоќа во близина на пристаништето Анкона, италијански град на јадранскиот брег. Огромен чад и оган можеле да...

Свет1 ден

СЗО: Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот

Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот поради порастот на бројот на заболени, почетокот на школската година и пристигнувањето...

Македонија1 ден

Лабораторијата за вирусологија успешно го помина надворешниот тест на компетентност за детекција на САРС-Ков-2

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на...

Досие