Свет
Јазовците и зајаците го шират коронавирусот меѓу луѓето, СЗО со нова теорија
Експертите од Светската здравствена организација, кои го истражуваат потеклото на пандемијата на коронавирусот, претставија нова теорија.
Според нив, јазовците и зајаците би можеле да играат важна улога во пренесувањето на новиот коронавирус на луѓето на пазарот во кинескиот град Вухан.
Истражувачите веруваат дека е многу веројатно овие животни да играле улога на домаќини – медијатори во пренесувањето на вирусот.
Тие споменаа дека сè уште е потребна дополнителна истрага за оние што ги доставуваат овие и други видови животни на пазарот во Вухан, пренесуваат светските агенции.
Експертите исто така инсистираат на тоа Кина да спроведе масовно тестирање на своите фарми со ласици откако во Европа беше потврдено двонасочно пренесување на вирусот помеѓу луѓето и овие животни.
Истражувачите на СЗО минатата недела ја заврши својата четиринеделна посета на Кина.
Тие објавија дека е малку веројатно оти коронавирусот избегал од лабораторија, односно дека е создаден од човек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

