Свет
Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија: забранети се и нови инвестиции

Јапонската влада денеска одобри дополнителни санкции против 398 лица и 28 организации од Русија поради инвазијата на Украина. Конкретно, санкциите им беа наметнати на претставниците на државната Дума, пишува „Ројтерс“.
Забранети се и нови инвестиции во Русија, а средствата на Сбербанк и Алфа банк ќе бидат замрзнати од 12 мај.
Japan imposes sanctions on Russia over actions in Ukraine https://t.co/eIQRfD4KCb pic.twitter.com/BnNpHZ4wRW
— Reuters (@Reuters) February 23, 2022
Нови инвестиции од Јапонија во Русија по тој датум може да се прават само со посебни дозволи.
„Санкциите вклучуваат забрана за издавање руски обврзници во Јапонија и замрзнување на имотот на одредени руски поединци, како и ограничување на патувањето во Јапонија“, изјави премиерот Фумио Кишида.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон го назначи составот на новата француска влада

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска ја назначи актуелната амбасадорка на Франција во Велика Британија, дипломатот од кариера Катрин Колона, за нов министер за надворешни работи на земјата, соопшти Елисејската палата.
Актуелните министри за финансии и економија и за внатрешни работи, Бруно Ле Мер и Жерар Дарманен, ќе останат на функцијата, додаде генералниот секретар на Елисејската палата додека го читаше новиот состав на владата потврдувајќи ги претходните извештаи, пренесе „Ројтерс“.
Министерката за индустрија во заминување Ања Пание-Рунаше ќе го преземе новиот министерски ресор за енергетска транзиција, соопшти Елисејската палата.
Амели де Моншелен е назначена за нова министерка за животна средина и климатско планирање.
Тие ќе бидат одговорни за својата работа пред Елизабет Борн, која Макрон ја избра за нова премиерка во понеделникот.
Таа е втора жена на таа позиција во Франција.
Европа
(Видео) Експлозија и пожар во близина на аеродромот во Женева

Голем пожар избувнал денеска по експлозија во близина на аеродромот во Женева поради што во прекин е авиосообраќајот, јавува „Дејли мејл“.
На фотографиите и видеата објавени на порталот се гледаат експлозија, пожар и густ чад.
#fire and #explosion at #Geneva airport?? pic.twitter.com/ch3ZV0aZBY
— Destroyer of worlds/gummy cola bottles. (@Dan_Krall) May 20, 2022
Портпаролот на вториот најфреквентен аеродром во Швајцарија, Игнас Јанера, изјави дека се запалил нов прифатен центар за баратели на азил, кој се реконструира.
Очевидци велат дека слушнале експлозија по што избувнал пожар.
Сите слетувања на аеродромот во Женева се суспендирани, а за полетувањата одлучуваат пилотите.
Европа
(Видео) Зеленски објави снимка од проектил кој погоди зграда, загинале 11 лица

11 лица загинале по гранатирањето на местото Лозова во украинскиот регион Харков, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На снимката се гледа облак од чад, кој се издига над зградата погодена од проектил.
Зеленски на „Фејсбук“ објави видео од експлозијата. Тој изјави дека е зафатена зградата на Домот на културата и дека загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.
„Окупаторите ги зедоа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето што избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост“, напиша Зеленски.