Контакт

Свет

Јапонија има доволно вакцини против ковид и за трета доза

Објавено пред

Јапонија има доволно вакцини против Ковид-19, кои може да се дадат како засилувачка доза, доколку се донесе одлука за имунизација со дополнителна трета доза на вакцина, изјави денеска премиерот Јошихиде Суга, откако објави продолжување на вонредната состојба во повеќе префектури.

Суга додаде дека околу 60 проценти од населението ќе биде целосно вакцинирано до крајот на септември, пренесува „Ројтерс“.

Јапонија допрва треба да го овозможи третиот круг на имунизација, а премиерот рече дека веќе постои потребниот број на залихи на дози на вакцини.

Свет

Ќе зборувам иако не сум вакциниран – Болсонаро за говорот пред ОН

Објавено пред

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, изјави дека следната недела ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк иако не е вакциниран.

Од канцеларијата на градоначалникот на Њујорк претходно објавија дека сите учесници на Генералното собрание на ОН ќе мора да имаат доказ за вакцинација за да влезат во салата за дебати, која е класифицирана како конгресен центар.

Сепак, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека не може да им наметне такво барање на шефовите на државите. На почетокот на пандемијата Болсонаро го опиша коронавирусот како мал грип, а во април изјави дека ќе биде последниот Бразилец што ќе биде вакциниран.

Прикажи повеќе...

Свет

Третата доза на „Фајзер“ значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години, покажа израелска студија

Објавено пред

Третата доза од вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа најновата студија на израелските научници.

Меѓу постарите лица што примиле две дози од вакцината инфекцијата се развила 10 пати почесто, а 20 пати повеќе луѓе вакцинирани со двете дози развиле потешка форма на инфекција отколку кај оние што ја примиле третата, засилувачка доза, објавија израелски научници.

Сите вакцинирани со две дози од вакцината на „Фајзер“ во Израел сега имаат можност да добијат трета доза најрано пет месеци по примањето на втората доза.

Имено, и покрај високата покриеност со вакцини, земјата во моментот се бори со третиот бран коронавирус.

Израелските истражувачи шпекулираат дека ова се должи многу повеќе на заразниот делта-сој на коронавирусот и падот на нивото на заштита од вакцината шест месеци по добивањето на втората доза. Според научниците, ефективноста на вакцината е намалена на 50 проценти.

Карстен Ватцл, генерален секретар на Германското друштво за имунологија, изјави оти веќе е познато дека нивото на антитела е околу 10 пати повисоко по третата доза отколку по само две дози.

Но, студијата упатува на тоа дека заштитниот ефект од вакцината е многу поголем наспроти ризикот кај поединците што воопшто не се вакцинирани против Ковид-19.

Ватцл истакна дека како дел од студијата научниците не ја проучувале можноста од несакани ефекти. Но, засега нема извештаи од Израел дека третата доза резултира со позначајни несакани ефекти од втората.

Во исто време Ватцл истакнува дека не препорачува трета доза за помладите луѓе, туку за сите постари од 80 години и за оние над 60 години, кои веќе страдаат од некои хронични заболувања.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија го блокира надоместокот за невработените лица што одбиваат вакцинација

Објавено пред

Австриската служба за вработување одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние што не сакаат да се вакцинираат.

Од таму се на ставот дека невработените не може да ја одбијат понудената работа ако за тоа е потребна вакцина против коронавирусот.

Иако во Австрија не постои општа обврска за вакцинација, сѐ повеќе компании бараат вакцинација против коронавирус од новите вработени.

Во Долна Австрија, на пример, обврската за вакцинација е во сила во сите провинциски служби од 1 септември.

Ваквите правила сега имаат последици и за невработените.

Министерот за труд, Мартин Кочер, со указ и наложи на Службата за вработување да ги блокира надоместоците за невработеност за луѓето кои одбиваат вакцинација.

Во декретот се наведува дека невработените не може да одбијат работа само затоа што е потребна вакцина, пренесуваат медиумите.

Оној што како невакциниран одбива да аплицира за понудената работа или да не ја прифати, може да го загуби надоместокот за невработеност во период до шест недели.

Инаку, и на седницата на здравствената комисија во австрискиот парламент се случи скандал кога претседателот на Австриската лекарска комора, Томас Секерес, беше наречен лажго од пратениците на Партијата за слобода на Австрија (ФПО).

Пратеникот на ФПО, Питер Вурм, во неколку наврати го нарече Секерес лажго поради што шефот на Лекарската комора одлучи да ја напушти седницата.

Секерес рече дека се обидел да ја пренесе моментната состојба на науката во врска со пандемијата на коронавирусот.

Секерес посочил дека е важно и корисно да се вакцинираат и дека ова е единствената шанса во борбата против пандемијата.

Сепак, пратеникот Вурм наводно реагирал на неговото тврдење дека нема целосно имунизирани пациенти на интензивна нега.

Имено, Вурм вели дека властите на градот Виена се доказ дека ова е лага.

Инаку, според анализите на австриските медиуми, Партијата за слобода во Австрија – ФПО ги поддржува антиваксерите во Австрија и се противи на ковид-мерките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија16 минути

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Топ27 минути

19-годишна девојка со тешки повреди пренесена во болница по сообраќајна незгода

Деветнаесетгодишна девојка добила тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај селото Желино....

Македонија50 минути

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Свет1 час

Третата доза на „Фајзер“ значително ја зголемува заштитата кај оние над 60 години, покажа израелска студија

Третата доза од вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 значително го зголемува заштитниот ефект кај луѓето постари од 60 години, покажа...

Македонија2 часа

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“. Вакцините вчера пристигнале во земјата. „Вчера, Северна Македонија доби донација од...

Регион3 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет3 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија22 часа

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија1 ден

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија1 ден

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет1 ден

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија1 ден

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија2 дена

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Досие