Свет
Јапонските компании го засилија производството на замрзнувачи за вакцини
Јапонски компании го интензивираат производството на замрзнувачи за складирање и испорака на вакцини против Ковид-19 за да се подготви теренот за владината програма за вакцинација, која зочнува во февруари.
Владината програма за вакцинација е бавна и се соочува со логистички пречки, што дополнително може да ја попречат и да го комплицираат спроведувањето на планот за вакцинирање на огромното мнозинство граѓани пред почетокот на подготовките за Олимписките игри, предупредуваат експертите и официјалните лица.
Токио треба да почне со вакцинирање на граѓаните со вакцината на „Фајзер“ на крајот на февруари, а медицинските работници ќе бидат приоритет. Поради својата зависност од странски производители, Јапонија заостанува зад повеќето големи земји, кои веќеапочнаа со вакцинација.
Дополнителни тешкотии се создаваат со барањето на владата вакцините да бидат тестирани од домашен регулатор.
Во меѓувреме, Токио одлучи да го интензивира производството на супер замрзнувач за да се реши барем еден од сериозните логистички проблеми во дистрибуцијата на вакцините.
Договорот беше проверен, меѓу другите, од производителот на медицинска опрема ПХЦ „Холдинг корпорејшн“ (PHC Holdings Corporation, кој од јануари двојно го зголеми производството во фабрика во префектурата Гунма.
Иако владата сè уште не им доставила конкретни нарачки, ПХЦ објави дека вакцината на „Фајзер“ може да се чува во нивните замрзнувачи, која мора да се чува на температура од минус 75 Целзиусови степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ја обвинува Шпанија: Вие сте на погрешната страна од историјата
Израел остро реагираше на одлуката на шпанската влада да не им дозволи на САД да користат заеднички воени бази на нејзина територија за да го нападнат Иран, обвинувајќи го шпанскиот премиер Педро Санчез дека стои на погрешната страна од историјата, објавува Гардијан.
Санчез остро ја осуди „едностраната воена акција“ на САД и Израел против Иран, предупредувајќи дека таа придонесува за „понепријателски и понесигурен меѓународен поредок“. Критиките беа дополнително нагласени со одлуката на неговата влада да не им дозволи на САД да ги користат базите во Рота и Морон за да продолжат да го напаѓаат Иран.
Во објава на социјалната мрежа Икс во понеделникот, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го обвини Санчез – долгогодишен критичар на израелското водење на војната во Газа – дека попуштил пред терористите и репресивните режими.
„Прво, Хамас му се заблагодари на Санчез“, напиша Саар. „Потоа Хутите му се заблагодарија. Сега Иран му се заблагодари. Дали тоа е да се биде на „вистинската страна“ од историјата?“
Саар, исто така, ги повтори критиките кон Санчез од страна на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам. „Сегашната влада во Шпанија станува златен стандард за патетично слабото европско раководство кое го изгуби својот морален компас, очигледно не сака да го осуди терористичкиот режим во Иран и има само критики за Соединетите Американски Држави“, напиша Греам.
Во саботата, Санчез рече дека офанзивата на Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху го прави светот понестабилен и повика на трајно политичко решение на конфликтот.
Тој ја повтори таа порака во говорот во Барселона.
„Денес, повеќе од кога било, важно е да се запомни дека можете да бидете против омразен режим – како што шпанското општество како целина е со иранскиот режим – и во исто време да бидете против неоправдана и опасна воена интервенција што оди подалеку од меѓународното право“, рече Санчез.
Свет
Кац: Израелската армија е подлабоко во Либан, за да се спречи „оган“ врз израелските заедници
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека потегот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да напредуваат во јужен Либан е направен за да се спречи „директен оган“ врз израелските заедници.
„За да се спречи можноста за директен оган врз израелските заедници, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јас ги овластивме ИДФ да напредуваат и да држат дополнителен доминантен терен во Либан и да ги бранат граничните заедници од таму“, рече Кац во соопштението, според „Тајмс оф Израел“.
Како што додаде, „ИДФ продолжува силно да дејствува против цели на Хезболах во Либан, а терористичката организација плаќа и ќе плати висока цена за пукањето врз Израел“.
Порано денес, Израелските одбранбени сили објавија дека распоредиле трупи подлабоко во јужен Либан, надвор од петте позиции што моментално ги држи Израел, како дел од засилената одбранбена положба.
„Војниците на 91-та регионална дивизија Галилеја се позиционирани на неколку точки во близина на граничната област како дел од засилената одбранбена положба“, соопшти израелската армија, пренесува Танјуг.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) додаваат дека „работaт на создавање дополнителен слој на безбедност за жителите на северен Израел“.
„ИДФ спроведува насочени напади врз терористичката инфраструктура на Хезболах за да ги елиминира заканите и да спречи обиди за инфилтрација на израелска територија“, се вели во соопштението.
Овој потег доаѓа откако Хезболах лансираше ракети и беспилотни летала кон северен Израел во понеделникот како одговор на атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, објави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека терористичката група испукала повеќе ракети и беспилотни летала преку ноќ и утрово.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Рубио призна дека отишле во војна поради Израел
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека американскиот државен секретар Марко Рубио „признал“ дека Вашингтон влегол во „војна по избор“ против Техеран „во име на Израел“.
„Господинот Рубио го призна она што сите го знаевме: Соединетите Американски Држави влегоа во војна по избор во име на Израел“, рече Арагчи, во услови на тековната американско-израелска офанзива врз Иран, која започна во саботата.
Нагласувајќи дека „никогаш“ немало иранска закана, Арагчи тврди дека „и американската и иранската крв затоа е на грбот на израелските поддржувачи“.
Тој ги повика американските граѓани да „ја вратат својата земја“, велејќи дека „заслужуваат подобро“. Нападите врз Иран од страна на Израел и САД предизвикаа критики од демократите против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“.
Трамп претходно изјави: „Ги повикувам сите ирански патриоти кои копнеат по слобода да го искористат овој момент, да бидат храбри, решителни и херојски и да ја вратат својата земја“.
Од саботата, во заедничките американско-израелски напади загинаа голем број високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Техеран одговори со напади со беспилотни летала и ракети, насочени кон локации поврзани со САД во Заливот.
Шест американски војници се убиени, а неколку други се тешко повредени. Според иранската Црвена полумесечина, бројот на жртви од воздушните напади на САД и Израел од саботата се искачи на 555.

