Свет
Јужноафриканскиот сој на коронавирусот потврден во Бразил

Бразил го забележа првиот случај на многу заразната варијанта на коронавирусот откриен во Јужна Африка, што претставува нова опасност за земјата со најголем број смртни случаи на ден во светот.
Минатата недела научниците од биомедицинскиот Институт „Бутантан“ изјавија дека случај идентификуван кај жена во државата Сао Пауло може да биде нов локален вид.
Понатамошната анализа потврди дека ова е прв познат локален случај на видот што циркулира во Јужна Африка и на други места, пренесува „Ројтерс“.
Научниците стравуваат од последиците помеѓу јужноафриканскиот сој и веќе широкораспространетиот бразилски вид, познат како Р.1, кои се и заразни и можеби посмртоносни од оригиналната верзија на коронавирусот, и доведоа до пандемија на Ковид-19.
Според некои студии, јужноафриканскиот сој е поотпорен на постојните вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Тој беше моја сила и прибежиште, му должиме многу“

На официјалниот профил на „Инстаграм“ на британското кралско семејство е објавена порака по повод смртта на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора.
Во него се цитира изјавата на кралицата од 1997 година на прославата на годишнината од нивниот брак.
„Тој едноставно беше моја сила и прибежиште сиве овие години, и јас, и целото негово семејство, и оваа и многу други земји, му должиме повеќе отколку што некогаш би барал или што некогаш ќе дознаеме“, рече кралицата во таа прилика, а денеска беше реобјавено како порака на Елизабета по повод смртта на нејзиниот сопруг .
View this post on Instagram
Објавата на социјалните мрежи вклучува и заедничка фотографија од кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.
Војводата од Единбург помина скоро седум децении со кралицата, а во соопштението се додава: „На крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година, принцот Филип се заколна дека ќе биде „поданик и поддршка на нејзиното височество“.
Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, почина вчера на 99-годишна возраст.
Свет
(Видео) Почесна стрелба во чест на принцот Филип

Со почесна стрелба беше оддадена почит на покојниот принц Филип, војводата од Единбург, на многу места низ цела Велика Британија.
Во Лондон, Единбург, Кардиф и Белфаст се стрелаат 41 плотун секоја минута од пладне (по британско време). Плотуни се истрелани и од бродови на Кралската морнарица во чест на Војводата од Единбург, кој служел како поморски офицер за време на Втората светска војна.
Сопругот на кралицата Елизабета почина вчера на 99-годишна возраст.
Европа
Шарл Мишел: Не спијам добро поради сцената од состанокот со Ердоган

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел чувствува непријатност поради инцидентот поврзан со распоредот за седење на состанокот одржан во Анкара оваа недела, пишува германскиот весник, „Ханделсблат“.
Урсула Вон дер Лајен, првата жена претседателка на Европската комисија, беше изненадена од состанокот кога сфати дека Мишел го зазеде единственото слободно место покрај турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, а таа остана на каучот.
На видеото се гледа како претседателката седи на каучот и е далеку од своите машки колеги. Нејзиното незадоволство можеше и да се види и чуе, а Шарл Мишел не реагираше, туку седна со Ердоган на едно од двете подготвени столчиња.
„Оттогаш не спијам добро, тие сцени постојано ми се вртат во главата“, рече Мишел и додаде дека би ја поправил ситуацијата кога би можел да го врати времето.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш