Свет
Њујорк и соседните држави до крајот на мај целосно ќе ги укинат ограничувањата против Ковид-19
Американските држави, кои беа најсилно погодени од пандемијата со коронавирусот минатата година, би можеле целосно да ги укинат ограничувањата кои беа на сила поради спречување на Ковид-19.
Њујорк, Њу Џерси и Конектикат ќе ги отстранат забраните воведени поради коронавирусот на 19 мај.
Места како што се ресторани, продавници, театри, музеи, забавни паркови и спортски сали ќе можат да работат со полн капацитет.
„Ова е пресвртна точка и важен момент за транзицијата на државата Њујорк“, вели гувернерот Ендру Куомо.
Њујоршкото метро ќе работи 24 часа на ден од 17 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

