Свет
Џеф Безос објави дека ќе лета во вселената заедно со неговиот брат
Џеф Безос објави дека тој и неговиот брат Марк Безос ќе летаат во вселената следниот месец.
„ Од петгодишна возраст сонував да патувам во вселената. Ќе одам на тоа патување со мојот брат на 20 јули“, денеска објави Безос на Инстаграм.
Браќата ќе го извршат првиот лет на човекот со вселенското летало „Њу Шепард“, направен од компанијата за истражување на вселената на Безос, „Блу Ориџин“.
Вселенскиот брод Нов Шепард, односно ракетата што ја носи капсулата до работ на вселената, изврши повеќе од десет успешни пробни летови без патници.
Ракетата и капсулата се дизајнирани така што можат да пренесат шест патници на надморска височина од над 100 километри.
Датумот 20 јули се совпаѓа со прославата на 52-годишнината од слетувањето на мисијата „Аполо 11“ на површината на Месечината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Војната нема да трае со години
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае со години.
Американско-израелската воздушна војна против Иран започна со напади врз Техеран во саботата во кои беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, што предизвика иранска одмазда против Израел и ракетни напади врз арапските земји со американски воени бази низ Блискиот Исток.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично процени дека војната ќе трае четири до пет недели, но додаде дека може да трае подолго и оттогаш се обидува да оправда широка, отворена војна против Иран.
Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како и претходните војни во регионот.
„Реков дека може да биде брзо и одлучувачко. Можеби ќе потрае некое време, но нема да потрае со години. Не е бесконечна војна“, рече Нетанјаху во емисијата „Ханити“ на Фокс њуз.
Нетанјаху рече дека ја гледа војната како можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.
Тој рече дека војната на САД и Израел против Иран создава услови иранскиот народ да ја собори својата влада.
„Секако, на крајот на краиштата, од иранскиот народ зависи да ја промени владата, но ние создаваме – Америка и Израел заедно создаваат – услови за да го направиме тоа“, рече тој.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.

