Свет
Џими Картер денеска полни 97 години

Поранешниот американски претседател Џими Картер, денеска, тивко и без помпа, ќе го прослави својот 97. роденден во својот дом во американската сојузна држава Џорџија.
Картер, најстариот меѓу американските претседатели, не планира да се појавува во јавноста, како што тоа не го правеше во претходниот период поради пандемијата на коронавирусот и поради годините.
Во честитките упатени до него во пресрет на неговиот роденден многумина се фокусираа на неговата работа по напуштањето на функцијата претседател на САД, како волонтирање, пишување книги и борба за правда.
Картер и неговата сопруга Росалин прославија 75 години брак во јули.
На поранешниот претседател му беше дијагностициран рак на кожата во 2015 година, кој се прошири на црниот дроб и мозокот, но по четиримесечна терапија, тој објави дека е излекуван.
Тој исто така преживеа серија фрактури, вклучувајќи фрактура на карлицата во 2019 година, поради што се движи со помош на шетач, потсетува „Гласот на Америка“.
Картер ќе го прослави роденденот во тишина и затоа што неговата снаа Анет Дејвис Картер, која почина на 68-годишна возраст, ќе биде погребана в недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотресот во Турција и Сирија низ фотографии

Светот во неверување, Турција и Сирија завеани во црнила и тага.
Земјотресите што во понеделникот ги погодија овие земји однесоа над 12.000 животи. Илјадници се затрупани под урнатините на срушените згради, се води трка со времето за спасување на животите на преживеаните.
Фотографиите во прилог говорат за катастрофата, спасените и загубените животи, човечките судбини.
Татко ја држи раката на својата почината ќерка
Куче спасено од урнатините во Турција
„Каде е мајка ми?“: зборовите на девојче извлечено по 20 часа од урнатините
Погреб наместо свадба – маж ја оплакува својата вереница која загина во земјотресот
(Видео) Емотивна средба меѓу татко и бебе спасено од урнатините во Турција
Свет
Куче спасено од урнатините во Турција

Спасувачите во Турција извлекоа куче од под урнатините на зграда во градот Хатај, 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција.
Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси. Тим волонтери денеска успеа да спаси куче кое 55 часа било заглавено под урнатините.
Медицинскиот тим потоа го покри кучето со ќебе за да се стопли.
Медиумите од Турција, претходно јавија и за спасен папагал. Повеќе за спасувањето на птицата прочитајте ТУКА.
Свет
Бројот на загинатите во земјотресите се искачи над 12.000 лица

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија вечерва се искачи на 12.049 лица.
Најмалку 1.730 луѓе во Сирија загинале на територијата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на земјата, додека 1.262 лица загинале во областите во земјата контролирани од владата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека бројот на загинати во Турција се искачи на 9.057.