Свет
Џихадистите користеле цивилно возило за ракетен напад на аеродромот во Кабул
Цивилно возило, најверојатно, било користено како импровизирана платформа во утринскиот ракетен напад на аеродромот во Кабул, пренесува Си-ен-ен.
Видеото до кое дојде Си-ен-ен покажува возило во пламен на улица во населбата Каир Кана во Кабул по истреланите ракети.
Се чини дека во автомобилот биле сместени шест цевки за лансирање, кои се видливи во внатрешноста на јагленисан костур на возилото.
Очевидци тврдат дека една од ракетите погодила зграда во близина, а ударот на ракетата бил видлив на блиската висока кула во близина. Талибанските борци и сведоци велат дека нема жртви во зградата.
US says it destroyed an explosive-laden vehicle with an air strike in Kabul, hours after President Joe Biden warned of another terror attack in the capital as a massive airlift of tens of thousands of Afghans entered its last days https://t.co/1qoFpa3WHe pic.twitter.com/MwsIFx9uyg
— AFP News Agency (@AFP) August 30, 2021
Американски претставник за Си-ен-ен изјавил дека ИСИС-К, најверојатно, лансирала ракети, но предупреди дека е прерано да се знае со сигурност.
Неименуван американски функционер изјави претходно дека пет ракети биле истрелани на аеродромот во Кабул рано утрово и дека биле пресретнати од американскиот противракетен систем.
Службеникот, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека, според првичните извештаи, нема жртви меѓу американските граѓани, но додаде дека ситуацијата може да се промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

