Контакт

Европа

Џонсон: Ако биде потребно, ќе воведеме карантин и за други земји

Објавено пред

Борис Џонсон вели дека Велика Британија ќе воведе карантин за другите земји ако бројот на заразени со вирусот Ковид-19 продолжи да се зголемува.

Но и ако биде неопходна таква мерка.

Тој го рече тоа по повод одлуката на британската влада да воведе карантин за лицата кои се враќаат од Шпанија, пренесува „Ројтерс“.

„Се плашам дека гледаме знаци на втор бран во други земји. Тоа е наша работа, наша должност е да дејствуваме брзо и одлучно за да ги спречиме патниците кои се враќаат од други земји да го шират вирусот овде во Велика Британија“, им рече Џонсон на новинарите.

На прашањето дали 14-дневниот карантин може да се намали, Џонсон рече дека бара начини да се ублажи карантинот, да им помогне на луѓето и да се осигури дека науката работи за да им помогне на патниците и туристите, пренесува Би-би-си.

„Во овој момент кога треба да се придржувате кон упатствата што ги даваме, ние дадовме упатства за Шпанија и некои други места низ целиот свет“, рече Џонсон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Германците планираат својата вакцина да ја тестираат во Бразил

Објавено пред

Германската фармацевтска компанија „Цуревац“ планира да ја тестира својата вакцина против коронавирус во Бразил.

Инфектологот, член на истражувачкиот тим на „Цуревац“, Сју Ен Клеменс, изјави за агенцијата ДПА дека компанијата ќе започне со студијата во Бразил во септември или октомври, пренесуваат германските медиуми.

Раководителот на студијата, Петер Кремснер од Институтот за тропска медицина, рече дека првите, помали тестови во Германија досега поминале добро.

Тој рече дека тестирањето се врши врз 180 лица.

Бразил стана „лабораторија за тестирање“ за целиот свет, затоа што таму вршат тестирање и други компании како „Астра Зенека“, „Синовак“, и „Бионтех/Фицер“.

Покрај САД, Бразил во моментов е најголемото жариште на пандемијата на коронавирус во светот.

Прикажи повеќе...

Европа

Нов Зеланд збунет за потеклото на вирусот, можно е да дошол на пакувања со замрзната храна

Објавено пред

Официјални претставници во Нов Зеланд испитуваат дали новите случаи на Ковид-19, регистрирани во земјата по повеќе од три месеци, се резултат на вирус кој пристигнал преку увезени пакувања со замрзната храна, а во земјата се воведени строги мерки за борба против ширењето на короната.

Откривањето на четворица заразени членови на семејство од Окленд, по 102 дена без вирус во земјата, ја поттикна премиерката Џасинда Ардерн брзо да воведе нови строги ограничувања за движење во најголемиот град во Нов Зеланд и ограничувања за патувања низ целата земја.

Двајца членови од заразеното семејство посетиле туристички места јужно од Оклаед, оддалечени на околу три часа возење, додека веќе имале симптоми, а третиот отишол да работа во финансиска фирма во Окленд, исто така со симптоми на заболувањето.

Повеќе од 200 луѓе се идентификувани како блиски или случајни контакти, а здравствените службеници се подготвуваат да тестираат десетици илјади луѓе во наредните денови.

Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти во земјата, кои се убедени дека во Нов Зеланд немало локално пренесување на вирусот веќе 102 дена и дека семејството не патувало во странство.

„Напорно работиме за да ги собереме сите делови од сложувалката за тоа како се заразило ова семејство“, рече раководителката на здравствениот систем во Нов Зеланд, Ешли Блумфилд.

Спроведените тестови ја откриле можноста за потенцијален увоз на вирусот преку замрзната храна.

Блумфилд рече дека во тек е тестирање на работните површини во магацин за разладување во Окленд, каде работел човек од заразено семејство. Инфицираниот маж веќе неколку дена е на боледување, а сите вработени се испратени дома.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски функционер: Вакцината делува, веќе ја примија моите родители и сопругата

Објавено пред

Не стивнуваат реакциите во светската јавност откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија е прва земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирусот.

Додека западниот свет покажува многу скептицизам, па дури и отворено ги критикува Русите, дека поради нетранспарентноста не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена Спутник V, Русите се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кон тоа истата да стане јавно достапна.

Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој ги финансира истражувањата за вакцини против коронавирус, одобрени во Русија, најави дека воведувањето на лекот би било многу постепено.

„Ние нема да ја дадеме вакцината на 10 милиони луѓе веќе утре“, изјави Дмитриев за Си-ен-ен.

„Тоа ќе биде многу постепено, внимателно, движење напред“, додаде тој.

Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името Спутник V е референца за изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.

„Можеме да кажеме дека делува“, рече Дмитриев во програмата во живо на Си-ен-ен.

„Ја примив вакцината. Ја дадов на моите родители, на сопругата…“, рече тој.

Најавата за руска вакцина против коронавирус, предизвика многу скептицизам, особено во западниот свет. Светската здравствена организација во изјавата за руската вакцина истакна дека „истражувањата за вакцини треба да се забрзаат, но со следење на воспоставените процеси, низ секој чекор за развој, за да се осигура дека сите вакцини кои на крајот ќе влезат во производство се безбедни и ефикасни“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ41 минута

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија1 час

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет1 час

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија2 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет3 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет4 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет4 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија4 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија19 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија19 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа19 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија19 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија20 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија22 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија22 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија1 ден

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 ден

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Досие