Свет
Абдула Кардаш е веројатниот наследник на лидерот на ИД
Американскиот магазин „Њузвик“ верува дека Абдула Кардаш е наследник на лидерот на милитантната група Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, кој беше убиен во американската специјална операција во Идлиб во Сирија.
За Кардаш се вели дека Ал-Багдади во август го назначил за водење на муслиманските работи на групата, но тој никогаш не бил јавно одобрен од ИД.
Регионален разузнавач изјавил за „Њузвик“ дека Кардаш веројатно ја презел улогата на Ал-Багдади.
„Багдади беше фигура. Тој не беше вклучен во секојдневните операци. Багдади само ги одобруваше или отфрлаше операциите“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

