Свет
Авионот во Индонезија се урнал ден по замена на важен сензор
На авионот на индонезиската компанија „Лајон ер“, кој минатата недела се урна во Јаванското море, клучен сензор му бил заменет ден пред несреќата, соопшти денеска индонезискиот Национален комитет за безбедност во сообраќајот.
Во соопштението се наведува дека сензорот бил предмет на безбедносен извештај од компанијата „Боинг“ која го произвела авионот, што на авиокомпанијата и бил доставен во вторникот, пренесе агенцијата АП.
Од „Боинг“ наведуваат дека во извештајот ги повториле насоките за тоа дека пилотите требало да одговорат на погрешните податоци од сензорот.
Станува збор за сензор кој ги евидентира податоците за аголот на клунот на авионот за време на летот, со цел да се спречи задушувањето на моторот или ненадејното спуштање на авионот, соопшти американската агенција.
Сореџанто Џахџоно, претседател на Комитетот за безбедност во сообраќајот, денеска изјави дека покрај прашањето за сезорот, анализа на податоците од летот покажала дека имало проблеми и со индикаторот за брзина во текот на последните четири летови на воздухопловот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.