Свет
Авионот со 303 патници, што беше задржан поради сомнеж за трговија со луѓе, доби дозвола да полета од Франција
Авионот со 303 индиски патници, што во четвртокот беше задржан во Франција поради сомнеж за трговија со луѓе, денеска ќе може слободно да ја напушти земјата, соопштија француските правосудни власти.
Патниците на „ербас А340“, кој летал од Дубаи, биле задржани во четвртокот на аеродромот „Ватри“, 150 километри источно од Париз, каде што авионот застанал за полнење гориво, по анонимна дојава дека превезува потенцијални жртви на трговија со луѓе.
По дводневното испрашување на патниците, француските обвинители дале зелено светло за полетување на авионот в недела, а денеска се очекува целосно одобрение за полетување, се вели во соопштението на локалната полициска префектура, пренесува „Франс 24“.
Иако во соопштението не се споменува дестинацијата, шефот на локалната адвокатска комора, Франсоа Прокурер, на прес-конференција рече дека патниците ќе бидат пренесени во Индија.
Извор близок до истрагата рече дека Индијците, најверојатно, биле работници во Обединетите Арапски Емирати, кои биле на пат за Никарагва како појдовна точка за САД или Канада.
Во текот на истрагата на аеродромот биле сместени патниците од авионот со кој управува романската компанија „Леџенд ерлајнс“.
Меѓу нив имало и 11 малолетници без придружба, соопштија париските обвинители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

