Свет
Австралиец загина од напад на морско куче во популарна туристичка дестинација
Австралиец почина вчера откако бил нападнат од морско куче во близина на брегот на Квинсленд, соопшти полицијата. Ова е трет ваков напад во популарната туристичка област на тропскиот североисток на земјата во последните два месеца.
Триесетгодишниот Австралијанец сурфал и пливал во заливот Цид Харбор кога го нападнало морското куче, изјави портпаролот на полицијата. Ова е трет напад во заливот откако во септември дванаесетгодишно девојче и 46-годишен маж се здобија со повреди при напад од овој вид ајкула.
,,Повредениот веднаш бил транспортиран до брегот и е пренесен во болница, каде што подоцна подлегнал на повредите”, изјавија од полицијата.
Австралија во 2017 година беше на второто место, веднаш зад САД, по бројот на напади од морски кучиња врз луѓето.
Островот Вајтсандеј е популарна туристичка дестинација на околу 900 километри северозападно од Австралија, Квинсленд. Досега, нападите на ајкули во оваа област биле исклучително ретки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки
Дороти Џин Тилман од Чикаго стана најмладата личност, на 17 години, што успеа да се здобие со докторска диплома за интегрирано бихевиорално здравје во Аризона.
„Ова е прекрасна прослава и се надеваме дека Дороти Џин ќе инспирира повеќе студенти. Но, ова е нешто многу ретко и уникатно“, вели вонредниот професор Лесли Менсон.
Кога повеќето ученици се обидуваат да се адаптираат во средно училиште, Дороти веќе беше запишана на колеџот во Лејк Каунти во северен Илиноис, каде што дипломира психологија.
Во 2018 година таа дипломира на отсекот хуманитарни науки на колеџот „Екселсиор“ во Њујорк. Две години подоцна, магистрира на колеџот „Јунити“ во Мејн пред да биде примена на Програмата за бихевиорално управување.
Поголемиот дел од нејзиното образование го реализира на далечина, преку онлајн настава.
Како што вели таа, најголема заслуга за целото нејзино образование има нејзината баба, како и нејзината мајка, на која е благодарна за помошта и насочувањето. Секако, целиот образовен процес не бил без жртва.
„Немав секојдневна училишна работа, немав училишно фотографирање или работи кои создаваат единство меѓу врсниците “, вели таа.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.