Свет
Австралискиот премиер ги прекина сите планови, ситуацијата е сложена
Австралискиот премиер, Скот Морисон, ја прекина планираната турнеја низ земјата за да се фокусира на кризата со коронавирус.
Тој оцени дека ситуацијата е многу сложена по избувнувањето на епидемија во домовите за стари луѓе во Мелбурн.
Во Викторија, втората најнаселена земја во Австралија, во последните 24 часа се регистрирани 384 нови случаи, што е помалку од претходниот ден.
Претходниот ден е забележан рекорден број нови пациенти, 532, а здравствените експерти предупредуваат дека ситуацијата е сè уште алармантна, пренесува „Ројтерс“.
„Ситуацијата во домовите за стари лица во државата Викторија е многу сложена. Имаме комбинација на пренесување на вирусот во заедницата. Во Мелбурн вирусот го пронајде својот пат до многу објекти, особено таму каде што луѓето се грижат за стари лица”, рече премиерот во Јанина, Квинсленд, и ја откажа понатамошната турнеја низ земјата.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека 769 активни случаи биле поврзани со неколку домови за стари лица во Викторија, кои пријавиле девет смртни случаи од понеделник.
Судот им дозволи на вработените во старечки дом, вклучително и медицински сестри, да добијат две недели платен одмор поради пандемијата.
Морисон истакна дека бројот на квалификувани работници во тој сектор е ограничен и дека пандемијата пред нив поставила нови предизвици.
Во меѓувреме, Кралската детска болница во Мелбурн објави дека новороденче, еден член на болницата и двајца родители на интензивна нега се позитивни на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

