Свет
Австралиски наставник педофил кој силувал ученици нема да оди во затвор поради прекумерната тежина
Наставник педофил во Австралија која злоупотребувал ученици нема да оди во затвор поради неговата дебелина и транспортот до затворот, којшто државата би ја чинел до 40 илјади долари.
Питер Џон О`Нил (61) е во неговиот дом во Канбера, додека ја чека пресудата. Тој е во инвалидска количка, му треба целодневна нега и судот го прогласи за неспособен за патување.
Судијата рекол на претходното рочиште дека на О`Нил може да му се досуди само условна затворска казна, бидејќи и така е константно во домашен притвор со оглед дека не може да се движи, пишува „Дејли мејл“.
Неговиот адвокат рекол дека медицинскиот авион потребен за негов превоз државата би ја чинел од 25 до 40 илјади долари.
И сега 61-годишниот педофил не може да издржува казна во затвор за злоделата кои ги извршил во Тасманија, нема пари да плати парична казна, а поради здравствената состојба не може да ја одработи казната за неплатена работа во заедницата.
Поранешна ученичка, која го напуштила училиштето во 1989 година, рекла дека О`Нил не бил само педофил, туку и физички и емоционално ги злосупотребувал своите ученици.
„Ми рече дека сум дебела и глупава, дека никогаш нема да биде ништо од мене и дека никој нема да ме сака“, рекла таа.
О`Нил се изјаснил за виновен за шест точки од обвинението за сексуален напад и една точка за силување на малолетно лице. Осудата би требало да биде изрече на 25 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.