Свет
Австралија доби нов премиер

Парламентот на Австралија го избра за нов премиер досегашниот министер за финансии, Скот Морисон, но гласањето не го означи крајот на политичката нестабилност во земјата.
Морисон со тесно мнозинство од 45 наспроти 40 гласови го победи поранешниот министер за внатрешни работи, Питер Датон, чии приврзаници го принудиле досегашниот премиер, Малколм Турнбул, на гласање за нов премиер, пренесе Асошиејтед прес.
Сите тројца – Турнбул, Морисон и Датон, се членови на владејачката Либерална партија, а Турнбул стана четвртиот премиер на Австралија кој ја изгуби довербата од сопствената партија пред истекот на тригодишниот мандат.
Турнбул не беше кандидат и по победата на Морис објави дека планира да ја напушти политичката сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Командант на армијата: Иран активно се подготвува за нов конфликт со Израел

Командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами, изјави дека Иран активно се подготвува за нова рунда конфронтација со Израел.
Тој нагласи дека нуклеарната програма на Иран „останува недопрена“, и покрај обидите на Израел и Западот да ја уништат за време на последниот конфликт.
За време на инспекцијата на воените единици во Исфахан, Тебриз и Хамадан, Хатами оцени дека „израелските окупациски сили, иако уживаа супериорна воена и технолошка поддршка од Западот, вклучително и помош од НАТО, претрпеа сериозен неуспех“ за време на неодамнешната дванаесетдневна воена ескалација.
„Нуклеарната програма се базира на домашни капацитети кои не можат да се уништат со сила“, рече Хатами, според „Мидл Ист Монитор“.
Според него, копнените, воздушните и противвоздушните сили на армијата, како и Револуционерната гарда, Басиџ (паравоена организација под директна контрола на ИРГК) и обичните граѓани учествувале во одбивањето на нападот.
„Израел и неговите сојузници се обидоа да ги осакатат иранските системи за воздушна одбрана како дел од интегриран план, но одбраната остана цврста и ја докажа својата ефикасност во сузбивањето на заканите“, рече командантот на иранската армија.
Тој додаде дека целта на нападот била да се елиминира нуклеарниот капацитет на Иран и да се дестабилизира земјата одвнатре.
Хатами особено го пофали она што го нарече „невидено единство на иранскиот народ“ за време на конфликтот, истакнувајќи го како клучен фактор за одржување на безбедноста.
Фото: принтскрин
Европа
(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол „К-Поташ сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен што почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва тајмс“.
Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни околности во Русија и во странство од 2022 година.
Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou
— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025
Телото на Синицин било пронајдено обезглавено под мост, со сајла за влечење прицврстена на неговото тело, објави рускиот државен медиум „РИА новости“ повикувајќи се на полициски извор. Сепак, „Киев Индепендент“ не можеше да ги потврди наводите.
The CEO of one of Russia’s largest potash producers, Alexey Sinitsyn, was found dead near Kaliningrad Monday https://t.co/ivvsDqC7F3
— The New York Sun (@NewYorkSun) September 9, 2025
Мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени
Минатиот месец починаа Дмитриј Осипов, претседател на одборот на директори на „Уралкали“, еден од најголемите руски производители на калиумови соли, и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за смртта не беа објавени.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина регистрирани се низа смртни случаи под нејасни или необични околности не само во деловните кругови туку и меѓу полицијата и владините претставници.
фото: принтскрин
Свет
Масовен прекин на електричната енергија во Берлин, сомнение за саботажа: државната безбедност почна итна истрага

Денес беше пријавен сериозен прекин на електричната енергија во југоисточен Берлин. Според податоците од Берлинскиот информативен центар за сообраќај, ниту семафорите ниту јавниот превоз не работи.
Портпаролот на компанијата „Стромнец Берлин“, утрово, околу 3.30 часот, за весникот „Билд“ извести дека имало пожар, кој зафатил два далновода. Пожарот бил изгаснат, но огнот ја пукнал водоводната цевка.
Полицијата е на местото на настанот и блокирала голем дел од Кенигшајд за истрагата.
„Врз основа на моментните информации се сомневаме на подметнат пожар“, изјави портпаролот на полицијата.
Одделот за државна безбедност на полицијата, кој е одговорен за политички мотивирани злосторства, ја презеде истрагата за прекинот на електричната енергија.
„Речиси 50.000 клиенти беа погодени“, се вели во одговорот.
Оваа бројка се однесува и на домаќинствата и на компаниите.
Сè уште не е јасно колку време ќе биде потребно додека електричната енергија не се врати во Берлин.
Фото: принтскрин