Свет
Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја
Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за извршување на два антисемитски напада во клучните градови Сиднеј и Мелбурн.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Газа во октомври 2023 година австралиските домови, училишта, синагоги и возила беа цел на антисемитски вандализам и палење, пишува „Ројтерс“.
„Австралиската безбедносна агенција собра веродостојни разузнавачки информации дека иранската влада наредила најмалку два напада“, изјави Албанезе на прес-конференција.
„Иран се обиде да го прикрие своето учество, но ASIO верува дека стои зад нападите врз ‘Луис континентал кујн’ во Сиднеј на 20 октомври минатата година и врз синагогата ‘Адас Израел’ во Мелбурн на 6 декември“.
Австралиската безбедносно-разузнавачка организација додаде дека е веројатно оти Иран наредил дополнителни напади.
„Ова беа вонредни и опасни акти на агресија оркестрирани од странска држава на австралиска почва“, рече Албанезе. „Ова беа обиди за поткопување на социјалната кохезија и сеење раздор во нашата заедница“.
„Австралија ја суспендира својата амбасада во Техеран и сите дипломати се безбедни во трета земја“, рече Албанезе додавајќи дека неговата влада ќе ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“
Свет
Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни.
Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери.
Според него, разговорите ќе ги опфатат сите релевантни прашања, вклучително и деталите за документите што ќе ги разговара со американскиот претседател. Зеленски рече дека ќе се разговара и за „чувствителни прашања“.
Укринформ претходно објави дека Зеленски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц за подготовките за претстојната средба со Трамп. Тој исто така рече дека мисли дека неговиот состанок со Трамп ќе биде пред камери и медиуми.
„Мислам дека нашиот состанок ќе биде пред камери и медиуми. Не знам дали на почетокот или на крајот, но тоа ќе биде јавен состанок“, рече украинскиот претседател.

