Свет
Австралија очекува да почне со вакцинација во март в година
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека неговата влада нема да брза да ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 што ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ бидејќи сака Австралијците да имаат доверба во тој производ.
Морисон рече дека Австралија е во поинаква ситуација од Велика Британија, каде што вакцинацијата беше итно одобрена, и од САД, кои се во завршна фаза на доделување дозвола за употреба на вакцината.
Австралиската влада очекува вакцината да биде одобрена до крајот на јануари и дека вакцинацијата ќе почне до март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

