Свет
Австралија става 7 милиони луѓе под строга блокада поради 26 случаи на коронавирус
Австралиската држава Викторија денеска влегува во еднонеделна блокада поради Ковид-19, а речиси седум милиони жители ќе мора да останат дома, освен за извршување на најважните работи бидејќи властите се борат да запрат нов позаразен бран на зараза.
„Имаме работа со многу заразен вид вирус, варијанта што е загрижувачка и се шири побргу отколку што досега сме забележале“, им рече на новинарите во Мелбурн привремениот премиер на државата Викторија, Џејмс Мерлино, пренесува „Ројтерс“.
From 11.59pm
CONFIRMED: 5 reasons to leave home in Victoria.
-Food and Supplies
-Authorised Work
-Care and Caregiving
-Exercise (for up to 2 hours and with 1 other person)
-Getting vaccinated.
Exercise and Shopping limited to 5km radius from home, or closet shops. #springst— Simon Love (@SimoLove) May 27, 2021
Мерлино рече дека во потрагата по контакти на заразените тие идентификувале повеќе од 10.000 примарни и секундарни контакти што треба да се стават во карантин, да се тестираат и да се стават во самоизолација и додаде дека тој број продолжува да расте и да се менува.
На почетокот на неделава беа откриени нови случаи на зараза во Мелбурн, а денес тој број се искачи на 26 по 12 новооткриени, а бројот на локации изложени на вирусот се искачи на повеќе од 150.
По стапувањето во сила на строгите мерки, кои ќе траат до 3 јуни, на жителите на Викторија ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за примарна работа, здравствена заштита, купување продукти, вежбање или вакцинација против коронавирусот.
Државите Западна Австралија и Тасманија денеска ги затворија своите граници за жителите на Викторија по истиот потег на Јужна Австралија претходниот ден, а Северната Територија и државата Квинсленд ќе бараат од патниците да поминат задолжителен двонеделен хотелски карантин, а Нов Јужен Велс, кој е најнаселената држава во Австралија, која се граничи со Викторија, ги повика жителите да го одложат патувањето во Мелбурн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

