Свет
Австрискиот популист Штрахе доби место во Европскиот парламент

Поранешниот австриски вицеканцелар и лидер на популистичката Слободарска партија (ФПО), Хајнц-Кристијан Штрахе, преку преференцијално гласање го обезбеди правото да ја претставува својата партија во Европскиот парламент, пренесува „Ди пресе“.
Штрахе, кој беше принуден да поднесе оставка како вицеканцелар и лидер на ФПО поради т.н. „Скандал Ибица”, кој неделава ја собори и владата на канцеларот Себастијан Курц , доби повеќе од 37.000 гласови за преференцијален кандидат, што е доволно да го добие кандидатскиот статус. Ова се случи и покрај тоа што Штрахе беше на последното место, на бројот 42 на изборниот список на Европскиот парламент.
Кампањата за запишување на Штрахе за преференцијалниот глас потекна од социјалните мрежи под хаштагот #VoteStrache и фразата “Unsere Rache: Vote Strache” во деновите пред гласањето.
Сепак, не е јасно дали Штрахе ќе го заземе своето место како член на Европскиот парламент или не; поранешниот водач на ФПО, наводно, објавил на „Фејсбук“ дека е среќен што ужива голема доверба кај граѓаните и дека ќе ја прифати оваа позиција, но постот бил избришан кусо време потоа.
Во рамките на ФПО, партискиот лидер од Горна Австрија и заменик-гувернер Манфред Хаимбухнер го коментираше резултатот велејќи дека од Штрахе зависи дали ќе ја прифати позицијата или не, а од другите опозициските партии го критикуваа поранешниот вицеканцелар за повторно влегување во политиката толку брзо по скандалот.
Клаудија Гамон, која освои место во ЕП со либералната партија НЕОС, рече дека Штрахе не треба да го прифати мандатот, велејќи: „Некој кој е осомничен за корупција не треба да ја преземе функцијата.“
Таа додаде дека видеото од „Ибица” непогрешливо докажува дека Штрахе е целосно непогоден за каква било политичка функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“