Европа
Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус
Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази порано или подоцна, но тој посочува дека станува збор за многу побезопасна болест отколку што се стравуваше пред десет месеци.
„Ќе останеме со овој вирус. Порано или подоцна, секој од нас ќе има корона, освен ако не умре пред тоа“, рече Алербергер во изјавата за австриското радио „Oe3“.
Директорот на Одделот за јавно здравје на Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС) очекува дека вакцината против коронавирусот ќе биде достапна уште во јули в година.
„Се обложувам дека нема да има лек бидејќи сите лекови протв вируси може да се избројат на прстите од едната рака“, истакна тој.
Алербергер вели дека коронавирусот е побезбедна болест отколку што се стравуваше пред десет месеци кога се сметаше дека стапката на смртност е 30 проценти.
Тој се осврна на студија на Универзитетот „Стенфорд“, според која стапката на смртност е 0,23 проценти.
„Таа вредност одговара и на нашите податоци“, потенцира водечкиот австриски инфектолог.
Во исто време тој предупредува дека, иако во моментот се полни 7 % од установите за интензивна нега во австриските болници, треба да се има предвид дека 90 % од Австријците може да се разболат и дека не треба да се потценува уделот на луѓе над 65 години бидејќи смртноста е јасно поголема од сезонски грип.
Тој исто така предупреди на влошување на состојбата во текот на зимата.
„Мора да бидеме внимателни да не доживееме изненадување во негативна смисла. Ако имаме 4.000 или 5.000 нови инфекции на ден, мора да сметаме дека медицинските капацитети ќе бидат на своите граници, дека ќе има смртни случаи во домовите за стари лица, а политичарите ќе бидат изложени на огромен притисок. Во принцип не можеме да спречуваме одделни смртни случаи, но можеме да го забавиме нивниот тек“, рече Алербергер додавајќи дека врвот на инфекцијата на Ковид-19 го очекува во декември или јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

