Европа
Австрија го укинува полицискиот час и ги отвора рестораните

Австрија планира да ги ублажи епидемиолошките ограничувања на 19 мај, што вклучува отворање на рестораните, хотелите и театрите, првпат по повеќе од пет месеци.
Во февруари беше дозволено да се отворат продавниците и беше воведен ноќен полициски час наместо целодневното ограничување на движењето.
Поради зголемениот број заразени на истокот од земјата, Виена и соседните провинции воведоа затворање за Велигден, кое сè уште е во сила.
Австрија регистрира по над две илјади лица заразени од Ковид-19 дневно.
„Светлото на крајот од тунелот станува сѐ појасно“, рече канцеларот Себастијан Курц на прес-конференција.
Тој рече дека олеснувањето на мерките веројатно ќе го зголеми бројот на заразени, но додаде дека забрзувањето на вакцинацијата, особено на лицата над 65 години, значи дека бројот на хоспитализирани не мора да се зголеми.
Во исто време, владата преку соопштение објави дека ќе се укине полицискиот час, но останува во сила забраната за дружење со повеќе од четири возрасни лица од 22 часот навечер до 5 часот наутро.
Максимум 10 лица ќе може да седат на маса на терасите во рестораните и кафулињата и четири лица во затворен простор, а културните и другите настани ќе бидат ограничени на 3.000 луѓе надвор и 1.500 внатре.
Повторно ќе бидат дозволени спортските активности во затворено и на отворено.
Децата и младите ќе се вратат во училиштата на 17 мај.
„Би било најбезбедно да оставиме сè затворено засекогаш, но тоа не е од наш интерес“, потенцира Курц додавајќи дека прашањата за образованието, работните места и психолошкото здравје на Австријците е исто така важно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.