Свет
Австрија испрати трупи на границата за воени вежби за справување со мигрантите
Неколку стотици австриски полицајци и војници изведоа вежба на јужната граница на земјата со Словенија за да симулираат различни реакции во случај да се повтори мигрантската криза од 2015 година, пишува австриски „Локал“.
Во вежбата учествувале околу 500 полицајци и 200 војници со воена опрема која вклучува оклопни возила, воени хеликоптери. Австриските безбедносни сили ги одржаа вежбите на граничниот премин „Шпилфелд“ кон Словенија, со која ги покажаа итните мерки за спречување на илегалната миграција, и покрај тоа што Словенија беше против.
„Државата што не може да ги заштити своите граници го губи кредибилитетот“, изјави министерот за внатрешни работи, Херберт Кикл, кој ги набљудуваше вежбите заедно со министерот за одбрана, Марио Кунасек,
Министерот Кикл и министерот Кунасек, и двајцата од крајнодесничарската Слободарска партија (ФПО), истакнаа дека со вежбите им упатуваат порака на домашното население и шверцерите, но и на мигрантите, додавајќи дека ништо не е погрешно доколку се спречи илегалната миграција.
„Во 2015 година имавме неконтролирани преминувања на границите и тоа никогаш не смее да се повтори. Желбата ни е да покажеме дека управувањето со границите и одбраната функционира, со цел никој да не помисли дека ќе има пропуштања”, порача Кикл додавајќи дека тоа всушност е и пораката на вежбата.
Тој смета дека мора да се подготват за можни сценарија бидејќи не постои гаранција дека настаните од 2015 нема да се повторат. Кикл посочи дека новата единица за заштита на границата, „Пума” која пред сè ќе се занимава со контрола и регистрирање на мигрантите, треба да биде оперативна и заедно со полицијата и војската да ги спречуваат странците илегално да ја поминуваат границата.
На граничниот премин „Шпилфелд“ се вежбани ситуации слични на оние кои се случиле во 2015 година, па населението можело да забележи луѓе кои бараат поминување преку границата и полиција опремена со оружје за расчистување на демонстрациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

