Свет
Австријците се смрзнуваат: во делови од земјата се измерени -25 степени

По саботниот снег и сообраќаен хаос во поголемиот дел од Австрија, вклучително и Виена, температурите на воздухот се екстремно ниски во оваа земја.
Поларниот студ, меѓу другото, го зафати и северот на Австрија, каде утрово е забележана најниска температура од -25,4 степени Целзиусови, јавуваат австриските медиуми. Станува збор за местото Гугу во општина Либенау.
Но, и другите делови на Австрија беа погодени од обилен снег, силен ветер и екстремен студ. Според пишувањата на медиумите, утрово најстудено било во сојузната покраина Долна Австрија, која граничи со Виена.
Во Виена е забележано – 9, со студен ветер, кој често дува во главниот град на Австрија. Покрај сообраќајни незгоди, поради ниските температури, имаше и пречки во јавниот превоз, пишува Вечерњи лист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Веруваме дека САД ќе го принудат Путин да се согласи на безусловно примирје

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, очекува САД да успеат да осигураат дека Владимир Путин се согласува на примирје.
„Веруваме дека Америка ќе биде доволно силна за да го доведе Путин до безусловен прекин на огнот“, рече украинскиот претседател.
Тој исто така додаде дека земјите треба да продолжат да вршат притисок врз Русија.
Свет
Макрон: Русија зборува за мир, но гаѓа цивили

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека Русија го извртува договореното во преговорите за прекин на огнот.
„Гледаме дека Русија секогаш е склона да го реинтерпретира она што го разговараме и за што се согласуваме“, рече францускиот претседател.
„Иако вели дека сака мир, Русија продолжува интензивно да ја напаѓа украинската територија, вклучително и цивили. Ги осудуваме овие напади“, рече тој.
Макрон најави и дополнителна воена помош од 2 милијарди долари за Украина.
Тој додаде дека Русија не може да ги диктира условите за траен мир во Украина.
Свет
Зеленски стигна во Париз во очи на состанокот на европските лидери

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пристигна во Париз во пресрет на европскиот самит за Украина, кој е закажан за утре, потврди неговиот портпарол.
Францускиот претседател Емануел Макрон го пречека Зеленски во Елисејската палата, а се очекува да остварат средба во текот на денот.
Макрон утре ќе биде домаќин на група европски лидери за да разговараат за Украина и безбедноста во Европа.
Овој самит е продолжение на собирите на Макрон на европските и НАТО лидерите во февруари и март, каде што тие разговараа за безбедносните гаранции за Украина.
Официјални лица претходно најавија дека на состанокот ќе се разговара за низа теми, вклучително и како дополнително да се зајакнат воените капацитети на Украина за да се одвратат идните напади и како да се следат ограничените прекини на огнот поврзани со поморските цели и енергетската инфраструктура.