Свет
Автобус за турнеја на познат британски пејач прегазил 91-годишен маж
Автобусот за турнејата на познатиот британски пејач Гери Нуман удрил во 91-годишен маж во Кливленд, Охајо, соопшти денеска полицијата.
Од полицијата додадоа дека веднаш по ударот, 91-годипниот маж починал.
Властите велат дека автобусот на Нуман свртел во десно кога удрил во жртва што поминувала на пешачки премин.
Нуман на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека неговиот тим бил трогнат од несреќата, објави АП.
We are all utterly devastated by the fatal accident involving our tour bus in Cleveland earlier today. Full statement below: pic.twitter.com/dpzPOgJyCp
— Gary Numan (@numanofficial) September 24, 2018
Пејачот требаше да настапи во понеделникот вечерта, но го откажа шоуто.
Нуман, кој беше многу популарен во 80-тите, сега живее во Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

