Контакт

Свет

Автомобил во Берлин удри во група деца, повеќе повредени

Објавено пред

Во берлинската четврт Веден се случи инцидент кога автомобил „бмв“ налета на група деца на тротоар. Во несреќата повредени се тројца малолетници и една возрасна личност, објави германскиот весник „Билд“.

dobivaj vesti na viber

Сè се случило околу 13:10 часот. Според првичните информации, автомобилот „бмв“ при свртување влетал во тротоарот  каде што се наоѓала група од петнаесет деца на возраст од седум до осум години. Три од децата добиле полесни повреди и биле пренесени во блиската болница. Една од нивните воспитувачки, според првите сознанија, сериозно е повредена и исто така е хоспитализирана.

Возачот на „бмв“ не е повреден. На фотографиите од местото на настанот се гледа како полицијата го испитува покрај автомобилот, на кој е оштетен предниот лев фар. Полицијата и пожарникарите се на терен, го обезбедуваат местото на несреќата и ја утврдуваат целата околност за тоа како дошло до инцидентот.

Свет

Захарова до Фон дер Лајен: Замоли го Лондон да го донесе Киев на преговарачка маса

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ѝ препорача на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да побара од Лондон да го искористи своето влијание за да го донесе Киев на преговарачката маса.

dobivaj vesti na viber

„И преку кого Урсула лобира за своето место на преговарачката маса, кое ЕУ хистерично го бара толку месеци? Да ве потсетам. Русија веќе седеше на преговарачката маса во пролетта 2022 година, сè додека (тогашниот британски премиер) Борис Џонсон не го одвлече режимот во Киев од неа.

Можеби би било подобро Урсула да разговара со Лондон, за да можат да „го искористат своето влијание“ и „да го охрабрат украинскиот претседател да седне на преговарачката маса и да престане да се нервира“.

Сепак, кој ќе ја слуша во Лондон“, напиша Захарова на својот Телеграм канал.

Захарова потсети дека шефицата на ЕК одржала состанок со кинескиот премиер Ли Џијанг, за време на кој побарала од Пекинг да „го искористи своето влијание“ за да „ја охрабри Русија да седне на преговарачка маса“.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да разговара за политичките аспекти на решението со Украина и да работи во кој било формат. Москва сè уште не добила одговор од Киев на предлогот за создавање три работни групи за поконкретно решение за хуманитарните, воените и политичките прашања, што руската страна го презентираше за време на третата рунда преговори со Украина во Истанбул во јули, пренесува Танјуг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил поканата на рускиот претседател Владимир Путин да дојде во Москва на разговори, според руската агенција.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Фон дер Лајен: Разгледуваме опција за соборување на руски авиони

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека соборувањето на руски борбени авиони што влегуваат во воздушниот простор на НАТО и Европската Унија е опција што се разгледува.

dobivaj vesti na viber

„Моето мислење е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата, а тоа значи дека доколку има упад во воздушниот простор, по предупредување, откако сме биле многу јасни, секако, опцијата за соборување на борбен авион што ќе го нападне нашиот воздушен простор е на маса“, рече Фон дер Лајен во интервју за CNN.

Претседателката на Европската комисија изјави дека Русија ја „тестира“ Европа „на сите полиња“.

„Тоа е хибридна војна што ја доживуваме со години, која Русија ја води против демократиите на Европската Унија и другите. И затоа се бориме на сите овие различни полиња. И како што реков, тоа е одлука на НАТО, но би била многу јасна, не ја допирајте нашата територија“, рече Лајен.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот, за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека земјите од НАТО треба да ги соборуваат руските авиони што влегуваат во нивниот воздушен простор.

Полска и Романија пријавија повреди на нивниот воздушен простор од страна на руски авиони претходно овој месец, што го поттикна НАТО да лансира борбени авиони како одговор, објави Танјуг.

Естонија во петокот објави дека три руски авиони влегле во нејзиниот воздушен простор, што Русија го негираше.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Северозападна Венецуела погодена од четири земјотреси, од кои два силни

Објавено пред

Четири земјотреси ја погодија северозападна Венецуела во рок од неколку часа доцна вчера и рано утрово, вклучувајќи два со јачина од околу 6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американската геолошка служба (USGS).

dobivaj vesti na viber

Потресите, со јачина помеѓу 4,9 и 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случија во близина на градот Мена Гранде во државата Зулија, според USGS.

Станува збор за плитки земјотреси на длабочина помеѓу 7,8 и 14 километри.

Досега нема извештаи за жртви или значителни штети. Државата Зулија е покраина богата со нафта во Венецуелскиот Залив, која се граничи со Колумбија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Параглајдинг несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба Охрид извести дека вчера, околу 18:30 часот, добила повик од група параглајдеристи кои летале од падините на...

Македонија2 часа

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред паркот „Жена Борец“: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жени

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија2 часа

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа4 часа

Украина: Соборивме моќен руски Су-34

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...

Свет4 часа

(Видео) Хутите испукаа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска...

Свет4 часа

Трамп е убеден во „тројна саботажа“ во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да започнат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во...

Свет4 часа

(Видео) Хонг Конг се опоравува од супертајфунот Рагаса, повеќе од 100 повредени

Хонг Конг денес ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагаса што...

Свет5 часа

Макрон: Цивилите и заложниците во Газа не смеат да бидат оставени во рацете на Нетанјаху

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ја критикуваше владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нејзиниот став во врска со војната...

Европа5 часа

(Видео) Неидентификувани дронови над четири аеродроми во Данска: oва е втор пат оваа недела

Неидентификувани дронови се забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив е затворен неколку часа, соопшти данската...

Македонија15 часа

Филипче: Поради пропаднатата коалиција со Арсовска и политичкиот инает, Скопје остана без клучни одлуки

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: Нашите соседи наместо да не поддржат користат вето, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН....

Македонија21 час

Локалната власт е одговорна за одржување на депонијата во Струга, порача Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Од таму...

Македонија22 часа

Спирометрија, ЕКГ и други испитувања денес и утре ќе им се прават на жителите на Трубарево: многумина одбија да се евакуираат за време на пожарот, вели министерот Алиу  

Денес и утре, во периодот од 10 до 16 часот, две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила ќе...

Македонија23 часа

Арсовска до Мицкоски: Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека чуствува одговорност што ја поддржал Арсовска...

Македонија23 часа

За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Судството во служба на Заев и Филипче, пресудата за докторката од Онкологија е срамна

ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на судот да изрече условна казна од две години за докторка од Клиниката за онкологија и...

Свет1 ден

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Бангкок

Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри,...

Свет1 ден

(Фото) Супертајфунот го погоди Хонг Конг; 14 мртви, повеќе од 100 исчезнати на Тајван

Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди денеска Хонг Конг, со ветрови со сила на ураган...

Свет1 ден

Трамп: Украина може да врати сè што изгуби, можеби и повеќе! Путин е во голема неволја

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа во која тврди дека Украина, со поддршка на Европа и...

Европа1 ден

(Фото) Украинците уништија еден од најмоќните руски системи

Руски извори објавија снимки што индиректно го потврдуваат успехот на неодамнешниот украински напад, на кои се прикажани уништени и тешко...