Свет
Администрацијата на Трамп со нови санкции против Иран
Американскиот претседател, Доналд Трамп, воведе нови санкции врз индустриските метали од Иран и се закани со понатамошни мерки доколку Техеран фундаментално не го промени своето однесување.
Извршната наредба на претседателот Трамп ги опфаќа иранските сектори за железо, челик, алуминиум и бакар, кои, покрај нафтата, претставуваат најголеми извори на приходи на Иран, односно 10 отсто од неговата извозна економија.
Во изјавата на Белата куќа се вели дека политиката на САД вклучува и оневозможување на Иран да дојде до приходи од извозот на производи од иранско железо, челик, алуминиум и бакар, кои би можеле да се искористат за финансирање и поддршка на дистрибуцијата на оружје за масовно уништување, терористички групи и мрежи и кампањите за регионална агресија и воена експанзија.
Претходно, Иран соопшти дека се откажува од некои од обврските пропишани со нуклеарниот договор, кој беше потпишан во 2015 година заедно со САД, Велика Британија, Франција, Германија, Кина и со Русија.
Франција го повика Иран да ги почитува своите обврски кон нуклеарниот договор и договорите за непролиферација на оружје.
„Франција е загрижена поради ваквите изјави. Таа е посветена на осигурување дека овој договор, клучен за меѓународната безбедност, ќе биде имплементиран во целост“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Оливие Говин.
„Важно е да се избегнат дејства што би ја попречиле имплементацијата на неговите обврски од страна на оние што се вклучени во договорот, што би довело до ескалација на ситуацијата“.
Тој додаде дека Франција е посветена на тоа иранските финансиски и извозни канали да останат отворени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зетот на Трамп: Оваа средба е многу голема пресвртница
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ја нарече средбата во Париз „многу голема пресвртница“, но предупреди дека трајниот мир бара „вистински заштитни мерки“.
Зборувајќи на крајот од прес-конференцијата, Кушнер рече дека Володимир Зеленски и Доналд Трамп имале обемни разговори во Мар-а-Лаго минатиот месец за безбедносните гаранции и дека, според него, тие „ги решиле повеќето, ако не и сите отворени прашања“.
„Но, мислам дека денес беше многу, многу голем чекор“, рече Кушнер, додавајќи дека тоа сè уште не значи дека ќе се постигне мир во Украина. „Ако Украина треба да склучи конечен договор, треба да знае дека по него ќе биде безбедна, дека има силно одвраќање и вистински механизми за да се осигури дека ова нема да се случи повторно“, рече тој.
Свет
Човекот на Трамп: Подготвени сме да направиме сè за да постигнеме мир
Американскиот пратеник Стив Виткоф рече дека Соединетите Американски Држави се „подготвени да направат сè што е потребно“ за да постигнат мир.
Зборувајќи по германскиот канцелар Фридрих Мерц, Виткоф упати многу попомирувачки тон од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон „неверојатен човек“.
Виткоф рече дека тој и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, повторно ќе се сретнат со украинската делегација подоцна вечерва и дека „скоро завршиле со безбедносните протоколи“. Тој додаде дека се блиску до она што го опиша како „договор за просперитет“ за Киев.
„Сакам да го кажам ова: ние сме тука да посредуваме и да помогнеме во мировниот процес и сме подготвени да направиме сè што е потребно за да се стигне до таму. Претседателот Трамп цврсто и длабоко верува дека ова убивање мора да престане, дека крвопролевањето мора да престане“, рече Виткоф.
По него, Кушнер зборуваше кратко, велејќи: „Немам што да додадам, тоа беше кажано совршено“.
Свет
Германскиот канцелар: Америка и Коалицијата на волните имаат иста стратешка цел
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека новиот договор е „заеднички успех“ за Европа, Украина и САД.
„Новата година започнува точно како што заврши старата – со интензивна мировна дипломатија за Украина“, рече Мерц. Тој додаде дека Европејците, Украина и САД „во триаголник“ продолжуваат да градат врз напредокот постигнат минатата година во Берлин. „Ова е заеднички успех“, рече тој.
Мерц рече дека САД и коалицијата имаат „иста стратешка цел“ и дека денешниот фокус е на придонесот што Европа и партнерите можат да го дадат за Украина по прекинот на огнот. „Како коалиција на волните, ние ќе ги преземеме нашите одговорности“, рече тој.
Тој додаде дека Германија не ја исклучува можноста за присуство во една од земјите-членки на НАТО што се соседи на Украина една година по евентуалното прекинување на огнот. „Засега ништо не е исклучено“, рече Мерц.

