Свет
Азербејџан: Во Нагорно-Карабах загубивме 192 војници

Азербејџан загуби 192 војници за време на минатонеделната воена операција за враќање на контролата врз отцепениот регион Нагорно-Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за здравство.
За време на азербејџанските воени операции беа убиени 200 етнички Ерменци, но како дел од постигнатиот договор ерменските борци се согласија да го предадат оружјето.
Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, е управуван од етнички Ерменци веќе три децении со поддршка и сојуз на Русија, наведува „Ројтерс“.
По операцијата на азербејџанската армија, речиси 30.000 етнички Ерменци веќе избегаа од Нагорно-Карабах, што е четвртина од ерменското население во овој регион. На единствениот пат што води кон Ерменија, дестинацијата на сите оние што заминуваат од Нагорно-Карабах, камерите снимиле стотици автомобили, јавува Би-би-си.
Официјален Баку вели дека жителите на регионот ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер тврди дека етничкото чистење почнало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Вашингтон се убиени Јарон и Сара, објави Амбасадата на Израел

Млад пар, двајцата вработени во израелската амбасада, беа застрелани вчеравечер додека си заминуваа од настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон, а осомничениот е 30-годишниот Елијас Родригез од Чикаго, кој сега е во притвор, соопштија официјални лица.
„Јарон и Сара беа наши пријатели и колеги. Тие беа во својот најдобар период.
Вечерва, тие беа застрелани и убиени од терорист додека си заминуваа од настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон.
Целиот персонал на Амбасадата е скршен и потресен поради нивното убиство. Нема зборови со кои може да се опишат длабочината на нашата тага и ужасот поради оваа страшна загуба.
Нашите срца се со нивните семејства, а Амбасадата ќе им биде на располагање во ова ужасно тешко време“, соопшти израелската амбасада на X.
Шефот на метрополитенската полиција во Вашингтон, Памела Смит, изјави дека човекот отворил оган врз група од четири лица, убивајќи двајца. Тој бил виден пред Музејот пред пукањето.
Родригез е единствениот осомничен досега. „Кога беше приведен, тој извикуваше ‘Слободна Палестина, слободна Палестина’“, рече Смит додавајќи дека „по пукањето, влегол во Музејот и веднаш бил приведен од обезбедувањето. Му ставиле лисици, а тој им кажал каде го фрлил оружјето, кое веднаш било пронајдено, што довело до заклучок дека го извршил злосторството“.
„Осомничениот немал претходна историја на проблеми или контакт со полицијата“, рече Смит.
Израелскиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Јехиел Лајтер, изјави дека младиот човек што беше убиен „купил прстен оваа недела со намера да ѝ предложи брак на својата девојка во Ерусалим следната недела“.
Претседателот Доналд Трамп го осуди пукањето. „Овие ужасни убиства што се случија во Вашингтон, јасно засновани на антисемитизам, мора да престанат, СЕГА!“, напиша тој во порака на Truth Social. „Нема место за омраза и радикализам во Соединетите Американски Држави“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека е шокиран од убиствата.
„Срцето ме боли за семејствата на младиот маж и на младата жена, чии животи беа прекинати од ова гнасно антисемитско убиство. Наредив зголемени безбедносни мерки во израелските мисии во целиот свет, како и за владини претставници“, рече тој.
Израелскиот претседател Исак Херцог и американскиот државен секретар Марко Рубио го осудија инцидентот, а министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем напиша во објава на X: „Ќе го изведеме овој изопачен сторител пред лицето на правдата“.
Регион
(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано утрово и беше почувствуван во цела Атика.
Според локалните медиуми, жителите скокнале од креветите со сведоштва дека сеизмичкиот потрес бил проследен со силен татнеж, а многумина ги напуштиле своите домови заради безбедност.
According to information, as a result of the earthquake, small landslides have been recorded on the provincial road network and in Heraklion, minor structural damages have been reported. The services of both the region of Crete and the municipalities are on heightened alert. pic.twitter.com/TWgD94hSDV
— RenderNature (@RenderNature) May 22, 2025
Пристигнаа првите снимки од земјотресот. На една се гледа како автомобилите и каблите на улицата се тресат, а може да се слушне и татнеж.
Во супермаркетите производите паѓаа од полиците предизвикувајќи штета, пишува „Прототема“.
По земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер, во областа беа регистрирани уште девет последователни потреси, при што најмалиот беше со јачина од 2,5 степена според Рихтеровата скала, а најголемиот со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.
Свет
Поранешниот британски разузнавач: Војната на Израел е закана за Европа и за целиот свет

Сер Џереми Флеминг, поранешен шеф на британската разузнавачка агенција GCHQ, рече дека долгорочните последици од воената офанзива на Израел во Појасот Газа ќе одекнат не само во Европа туку и во целиот свет. Говорејќи за „Скај њуз“ на „Светот“ во поткастот на Ричард Енгел и Јалда Хаким, Флеминг предупреди дека екстремистичките групи би можеле да го искористат овој конфликт за да ги радикализираат младите луѓе.
Тој го поздрави здружувањето на Обединетото Кралство, Франција и Канада во осудата на израелските дејства во Газа, кои тие ги нарекоа „целосно непропорционални“.
Трите земји претходно оваа недела се заканија со конкретни мерки, вклучително и насочени санкции, доколку Израел не ја запре најновата офанзива и не ги укине ограничувањата за хуманитарната помош.
Премиерот на Обединетото Кралство им се придружи на своите колеги од Франција и од Канада во предупредувањето дека размерите на човечкото страдање во Газа се неподносливи, но нивните изјави остро ги осуди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Флеминг рече дека во заедничката изјава биле употребени најсилните можни зборови, но смета дека таквата изјава дојде предоцна. „Верувам дека голем дел од светот веќе некое време размислува така“, додаде тој.