Свет
Алигатор убил жена додека го шетала своето куче во ексклузивен комплекс во Јужна Каролина
Жена загинала во напад на алигатор додека го шетала своето куче во ексклузивниот комплекс Hilton Head во Јужна Каролина, објавија локалните власти.
Жената своето куче го шетала крај лагуната кога биле нападнати од алигаторот, а во обид да го спаси својот миленик, таа била одвлечена под површината на водата од страна на рептилот, изјави Дејвид Лукас, портпарол на Канцеларијата за природни богатства во Јужна Каролина.
Канцеларијата на шерифот на тој округ соопшти дека сведоците опишале оти алигаторот бил со должина од околу 2,4 метри. Спасувачите, кои први пристигнале на местото на настанот, веднаш ја пронашле мртвата жена во водата, се вели во соопштението.
Кучето не било повредено во нападот, додал портпаролот Лукас.
Лукас истакнал дека водата на лагуната на островот Hilton Head е природно живеалиште на алигатори, односно дека службите за заштита апелираат до луѓето да не ги хранат алигаторите или, пак, да ги шетаат своите кучиња во близна на лагуната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четири лица загинаа во обилните дождови на Хаити и Доминиканската Република
Ураганот Мелиса веќе ја покажа својата деструктивна моќ. На Хаити и Доминиканската Република, обилните дождови одзедоа најмалку четири животи. На Хаити, земја опустошена од насилство меѓу бандите, повеќе од 3.650 луѓе се сместени во привремени засолништа.
Подготовките се во полн ек и во Куба, каде што властите евакуираа повеќе од 500.000 луѓе од крајбрежните и планинските области.

Само во областа околу Сантијаго де Куба, вториот по големина град на директната патека на ураганот, повеќе од 250.000 луѓе се однесени во засолништа. Наредби за евакуација издаде и премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, за јужните и источните делови од архипелагот.
фото: принѕтскрин
Свет
Кризата во САД се поголема, вчера беа одложени 7.000 летови
Кризата со воздушниот сообраќај во САД се продлабочи откако речиси 7.000 летови беа одложени низ целата земја во понеделник, додека бројот на отсуства од работа на контролорите на воздушниот сообраќај нагло се зголеми поради тоа што федералната влада влезе во 27-миот ден блокада.
Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) го наведе недостигот на персонал како причина за доцнењето вчера, кое ги погоди аеродромот Њуарк во сојузната држава Њу Џерси, аеродромот во Остин во Тексас и меѓународниот аеродром Далас Форт Ворт. Летовите на југоистокот претходно доцнеа поради значителен недостиг на персонал во радарскиот контролен центар Atlanta Terminal Radar Approach Control.
Илјадници работници работат без плата
Околу 13.000 контролори на воздушниот сообраќај и 50.000 вработени во Администрацијата за безбедност на транспортот (TSA) се принудени да работат без плата откако републиканскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот не успеаја да постигнат договор за буџетот, што предизвика блокада на владата.
Администрацијата на Трамп предупреди дека воздушниот сообраќај ќе биде дополнително нарушен бидејќи контролорите на воздушниот сообраќај ќе останат без својата прва целосна плата во вторник.
Во неделата, повеќе од 8.800 летови беа одложени.
Претставник на Министерството за транспорт на САД изјави дека 44 проценти од доцнењата во неделата биле предизвикани од отсуство на контролорите на летање, што е далеку над вообичаените пет проценти.
Зголемениот број на доцнења и откажувања на летови го зголемува незадоволството на јавноста и го зголемува притисокот врз политичарите да најдат решение и да го прекинат затворањето на владата.
Министерот за транспорт Шон Дафи беше во Кливленд во понеделник на состанок со контролорите, додека синдикатот на Националното здружение на контролори на летање планира да одржи митинзи на бројни аеродроми во вторник за да предупреди за првата пропуштена плата.
фото: принтскрин
Свет
Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI
Повеќе од еден милион корисници на платформата ChatGPT покажуваат знаци на самоубиствена намера секоја недела, објави OpenAI во извештај за безбедноста на својот четбот.
Според официјален блог пост, OpenAI проценува дека пораките со „експлицитни индикатори за потенцијално самоубиствено планирање или намера“ сочинуваат значителен дел од вкупните интеракции на корисниците, пишува „The Guardian“.
Ова е едно од најдиректните признанија на компанијата за можното влијание на вештачката интелигенција врз менталното здравје. Компанијата, исто така, соопшти дека околу 0,07 проценти од активните корисници неделно – што е приближно 560.000 луѓе од околу 800 милиони корисници – покажуваат можни знаци на психотични епизоди или манично однесување.
Во постот се забележува дека ваквите проценки се прелиминарни и дека е тешко прецизно да се квантифицираат.
За да се подобри точноста и етичките стандарди на комуникацијата, OpenAI регрутираше 170 експерти за ментално здравје од својата Глобална мрежа на лекари.
Тие анализирале повеќе од 1.800 одговори на моделот во ситуации кои вклучуваат сериозни кризи во менталното здравје и помогнале да се прилагоди содржината поврзана со емоционалната поддршка.
Експертите за ментално здравје претходно предупредија дека четботовите можат ненамерно да поттикнат опасни мисли со потврдување на заблудите или негативните чувства на корисникот – феномен познат како „вшмукување“.
Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, изјави претходно овој месец дека компанијата „постигнала напредок во намалувањето на ризикот од сериозни проблеми со менталното здравје“ и најави олеснување на некои ограничувања за ChatGPT.
OpenAI изјави дека ќе продолжи да развива механизми за побезбедна употреба на своите модели и ќе работи со независни експерти и регулатори за да се осигура, како што вели, „алатките за вештачка интелигенција да стануваат поддршка, а не закана, за корисниците во криза“.
Фото: ЕПА

