Свет
Амбасадата на САД ги предупреди своите граѓани за неизбежен екстремистички напад во Москва
Амбасадата на САД во Русија ги предупреди американските граѓани да избегнуваат големи собири во Москва поради извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад.
Американската амбасада, која постојано ги повикува сите американски граѓани веднаш да ја напуштат Русија, не сподели повеќе детали за природата на наводната закана, но предупреди дека граѓаните треба да избегнуваат гужви и да бидат свесни за нивната околина, наведува Ројтерс.
„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти, а на граѓаните на САД им се советува да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, се вели во соопштението на американската амбасада на својата веб-страница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ураганот Хелен снимен од вселената
НАСА објави снимка од ураганот Хелен како изгледа од вселената.
Свет
Вознемирувачки апел во округ на Флорида: Ако не заминете, напишете го вашето име на раката за подоцна да ве идентификуваат
Шерифот на округот Тејлор од Флорида, Вејн Паџет, испрати застрашувачки апел до луѓето.
„Сите вие кои живеете во ниски области и одбивате да ги напуштите своите домови, се ставате во голема опасност – може да умрете. Ако одлучите да останете, земете црн маркер и напишете го вашето име и матичен број на раката за да можеме да ве идентификуваме.
Мразам да им го кажувам ова на луѓето, но тоа ќе се случи. Овие стари куќи, некои од нив на брегот, едноставно нема да можат да издржат ураган. Сè уште можете некако да се скриете од ветрот, но не и од водата. Јас живеам овде цел живот и никогаш не сум бил загрижен за бура, до сега“, рече Паџет, според NBC News.
Свет
(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен
Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен.
„Ве молиме, бидете подготвени ако сте на патот на ураганот. Слушајте ги вашите локални власти и грижете се за вашите соседи“, рече тој.
Flew with Miss Piggy (#NOAA43) into a strengthening Hurricane #Helene this morning.
Please be prepared if you are in the path.
Follow @NHC_Atlantic and @NOAA_HurrHunter for official updates.
Listen to your local officials. Care for your neighbors. pic.twitter.com/Dfh5lxXUP2
— Tropical Nick Underwood (@TheTropicNick) September 26, 2024