Свет
Амбасадорот на Турција во САД го обвини сенаторот Менендез за поддржување тероризам

Амбасадорот на Турција во Вашингтон го возврати ударот кон сенаторот од САД поради коментарите дека тој ја поддржува терористичката група ПКК негирајќи дека Курдите во Сирија се терористи.
Сердар Килиџ упати критики кон сенаторот Боб Менендез, кој лажно ја оцени терористичката група како најблизок сојузник на Вашингтон.
„За ваша информација, групата YPG/PYD не ги претставува сириските Курди“, изјави Килиџ на „Твитер“.
„Прашајте ги оние 300.000 Курди од Сирија што избегаа од насилствата и сега се бегалци во Турција. Тие сè уште не можат да се вратат во своите домови во Сирија бидејќи вашите сојузници не им го дозволуваат тоа“, додаде Килиџ.
Менендез е познат по своите антитурски изјави, а до неодамна беше против скорешната одлука на Доналд Трамп да ја повлече војската од Сирија опишувајќи го потегот како погрешен.
„Со наглото повлекување на американската војска од Сирија кабинетот на Трамп ги напушта Курдите, кои се наши најблиски сојузници во борбата“, изјави Менендез.
„Сенаторот треба да научи повеќе за оваа чувствителна тема“, вели Килиџ.
„Она што вие го дефинирате како – Курдите, нашите најблиски сојузници – е група која е разгранок на ПКК, терористичка група која е признаена како таква и од страна на САД“, додава амбасадорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина има нов моќен дрон

Украина претстави еден од своите најнови и најмоќни ударни беспилотни летала, UAC FP-1, кој може да лета до 1.600 километри и да носи боева глава тешка дури 113 килограми. Ова го прави значително помоќен од претходниот модел PD-1, произведен пред неколку години, кој има домет до 1.000 километри и кој веројатно носи многу полесен товар, пишува Форбс.
Компанијата UAC, заеднички украинско-чешки проект, вложи многу напор за подобрување на деталите за FP-1 да има поголем домет и носивост. Најголемата разлика во споредба со постарите дронови е тоа што нема подвозје. За разлика од PD-1, кој полетува на тркала, FP-1 се лансира од рампа под агол, користејќи ракетен потисок од трупот.
Дронот беше официјално претставен во јавноста за прв пат на неодамнешниот саем во Киев, но се произведува од минатата година и веќе се користи во борба.
Украина се повеќе се потпира на сопствените ударни беспилотни летала, кои редовно напаѓаат цели како што се воздушните бази и рафинерии длабоко во руската територија.
FP-1 се проценува на повеќе од 100.000 долари.
Свет
Пакистанскиот премиер жестоко и се закани на Индија

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа. Во своето обраќање тој остро ги осуди нападите, нарекувајќи ги „кукавички“ и рече дека Пакистан покажал дека знае и може да се брани.
Шариф рече дека во рок од еден час од нападот на линијата на контрола, која ја формира де факто границата меѓу Индија и Пакистан, имало „континуирани борби“ во кои пакистанската армија, како што рече, покажала храброст.
„Тие ги уништија авионите на нашите напаѓачи и непријатели“, рече тој, повторно осврнувајќи се на тврдењата на пакистанската војска дека соборила индиски борбени авиони – што индиските власти досега не ги коментираа.
Премиерот изјави и дека Пакистан го дал својот прв одговор на Индија, нагласувајќи дека Индија ги почнала нападите, но дека Пакистан покажал дека знае да се бори за својата земја.
Во продолжение на својот говор, Шариф откри дека во индиските напади загинале 26 лица, а 46 други, меѓу кои жени и деца, биле повредени. Меѓу загинатите, како што рече, има и седумгодишно момче кое во моментот на нападот било дома со мајка си и брат му.
„Ставете ја раката на срцето“, рече премиерот. „Ви ветувам дека ќе се одмаздиме за секоја капка крв на овие жртви“.
Свет
(Видео) Почна конклавата

Сто триесет и три кардинални електори влегоа во Систинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го почнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
Од овој момент кардиналите повеќе не смеат да имаат никаква комуникација со надворешниот свет додека не изберат нов папа.
Попладнево ќе има само еден круг гласање, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во наредните денови.
Потребно е двотретинско мнозинство за да се избере нов папа, што значи дека процесот може да потрае, иако последните две конклави завршија до крајот на вториот ден.
Секој кардинал го дава својот глас со пополнување ливче на кое е напишано на латински Eligo in Summum Pontificem (избирам за врховен поглавар), веднаш до името на избраниот кандидат.
На неколку километри од Ватикан, голем број луѓе сè уште доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциско на неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Според информациите од локалните власти, редот за посета на гробот денеска е исклучително долг, чекањето трае повеќе од еден час. Тоа е остар потсетник за тежината на одговорноста што ја имаат кардиналите додека го избираат неговиот наследник на конклавата.