Свет
Американец што го преживеал масакрот во Вегас убиен при пукањето во калифорнискиот ноќен клуб
Млад човек, кој минатата година го преживеа масакрот во Лас Вегас, е еден од убиените при пукањето во ноќниот клуб во Калифорнија, објави Би-би-си.
Минатогодишниот масакр во Лас Вегас се смета за најлошо масовно убиство во современата историја на САД. Во тој напад загинаа 58 лица.
Еден од луѓето што успеаја да го преживеат ова пукање, 27-годишниот Телемакус Орфанос, беше убиен во масакрот што неодамна се случи во калифорниски ноќен клуб, северозападно од Лос Анџелес.
Пукањето во Лас Вегас се случи на 1 октомври минатата година на фестивал за кантри-музика, а иста таква музика се пуштала и во клубот во Калифорнија.
Мајката на Телемакус Орфанос во интервју за американската телевизија Еј-би-си рече дека нејзиниот син во 2017 година бил во Лас Вегас со многу пријатели и неповреден се вратил дома.
„Синоќа не се врати дома“, додала таа.
„Не сакам молитви, не сакам позитивни мисли, сакам да се воведе контрола на оружјето“, истакнала мајката на Орфанос.
„Иронично е тоа што, откако го преживеа најстрашното масовно убиство во современата историја, беше убиен во родниот град“, рекол татко му.
Убиецот од ноќниот клуб во Калифорнија полицијата го идентификува како 28-годишниот Јан Дејвид Лонг, поранешен маринец, кој служел во Авганистан и, најверојатно, страдал од посттрауматски синдром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

