Свет
Американец уби црнeц со меч, вежбал терористички напад
Американецот Џејмс Џексон, инаку белец и воен ветеран, го чека судењето поради обвинението за убиство на 66-годишен црнец со меч во Њујорк минатата година. Џексон им кажа на иследниците дека планирал да изврши расистички терористички напад на Тајмс сквер.
Видеото од полициската истрага што беше снимено во март 2017 година, еден ден откако убиецот се предаде, беше прикажано во Врховниот суд на државата Њујорк во четвртокот на сослушувањето пред судењето.
Џексон (30), кој доаѓа од Балтимор, рече дека неколкупати го прободел Тимоти Кагман со „краток римски меч” кој го извлекол од кориците што ги чувал во панталоните, објави „Њујорк тајмс”.
Но, како што призна, неговата крајна цел била да убие повеќе црнци – по можност помлади црнци во друштво на бели жени, поради неговата омраза кон расно мешани двојки.
Ако биде осуден, тој може да добие доживотен затвор без можност за помилување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.