Свет
Американец уредувал двор и го ископал телото на својата мајка
Кога Арон Фрејсер во 2014 година почнал со реновирање на дворот во својот дом од детството во Џексонвил на Флорида, отркил страшно откритие – човечки остатоци. Подоцна се утврдило дека се работи за глава и коски од неговата мајка Бони Хејм, објави Си-ен-ен.
Според информациите, жената исчезнала во 1993 година кога била во брак со Мајкл Хејм кого полицијата го уапсила и тој сега е обвинет за убиство.
„Вистината секогаш беше таму, закопана во нивниот двор“, рекол помошникот на државниот обвинтел, Алан Мизрахи, во воведните зборови на судењето на Хејм, кое почнало вчера.
Адвокатката на обвинетиот потврдила дека Мајкл и Бони Хејм имале проблеми во бракот, но дека тоа не значи оти ја убил тогашната сопруга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На овогодинешниот собир ќе присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре, по денеска е официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени, под мотото „Соработка за интелигентно доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека овогодинешниот состанок повеќе од се’ ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на неговиот мандат. Во четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видео врска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Свет
Поранешен советник на Трамп : Украина може да стане реприза на Виетнам
Ситуацијата во Украина може да стане реприза на војната во Виетнам за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој навреме не престане да го поддржува Киев, изјави Стив Банон, поранешен главен стратег на Белата куќа и поранешен советник на Трамп.
Бенон предупреди дека Трамп ризикува дополнително да ги вовлече САД во конфликтот во Украина доколку не се откаже од поддршката за Киев. Тој ја спореди сегашната ситуација со времето на поранешниот претседател Ричард Никсон, кој се обиде и не успеа да ја извлече земјата од Виетнамската војна.
„Ако не внимаваме, ова ќе стане „Трамповиот Виетнам“. Токму тоа му се случи на Ричард Никсон. „Како резултат на тоа, тој стана одговорен и тоа стана негова војна, а не на неговиот претходник Линдон Џонсон“, изјави Банон за американските медиуми.
Тој посочи дека специјалниот претставник на новоизбраниот претседател за Украина, Кит Келог, не е во право кога вели дека конфликтот може да се прекине додека се задржува американската поддршка за Киев. Тој верува дека вовлекувањето на САД во воен конфликт не е во американски интереси, „бидејќи е невозможно да се победи“.
Свет
Инаугурацијата на 47 американски претседател ќе биде напладне по американско време
Доналд Трамп ќе биде избран за 47 претседател на Соединетите Американски Држави на 20 јануари точно во 12 часот по американско или (18 часот по средноевропско време). Тоа ќе биде негов втор мандат.
Како што налага американската традиција, на Денот на инаугурацијата, новоизбраниот претседател на САД и претседателот во заминување, заедно со нивните брачни партнери, се упатуваат кон Капитол на церемонијата на положување заклетва. Зад нив се потпретседателот во заминување и новоизбраниот потпретседател, членовите на семејството и членовите на кабинетот.
Исто така, инаугуративната парада ќе се одржи во затворено, во Капитол арената во Вашингтон, заедно со сите три инаугуративни балови.
Последниот американски претседател кој положи заклетва во затворен простор беше Роналд Реган во 1985 година, кога лошите временски услови го погодија и Вашингтон.
– Временската прогноза за Вашингтон, со прогнозирани ветрови, би можела да ги спушти температурите до рекордно ниско ниво. Арктичкиот бран ја зафати земјата. „Не сакам да гледам дека луѓето се повредени на кој било начин“, рече Трамп.